Нема секако, ама не ми звучи убаво името со Џ. Ова баш ме утеши А може до тогаш и да си го сменат, големата неколку пати посакува ново име.
Ке видиш дека кога ке пораснат битно ке им е името да е убаво. А кога ке пораснат доволно да сфатат во каква пустелија се, ништо нема да ги задржи овде.
За мене има најубаво име, ама таа си има други замисли, за тоа за второто не инсистирав на мојата желба да не утнам пак. А ако реши еден ден да си го смени, ок ќе ја подржам. Од мала ми вели води ми во полиција да пишеме ново име.
Мислам дека е фаза како и секоја друга. Ако сака нека го смени, многу битно. Јас знам само дека му избрав убаво име, нема да му е срам да каже како се вика во пубертет кога ке запознава нови луѓе читај девојки.
И моево кога го избрале било убаво на времето ама после 15 години Ангела и Марија беа модерни имиња, а моето е баш така да ти е срам да кажеш како се викаш пред дечковци тинејџери. Ако детето порасне во здрава средина и има самодоверба абе и Стојанка да се вика гајле и е дали и одговора со презимето со државата и дали и се потсмева некој.
Неприфаќање на дел од тело, име, висина, итн се несигурности кои многу тинејџери ги имаат. Хормони се тоа, исто како трудна жена што плаче или се кара. Колку дрвојки пеглаа коси кога беше така модерно. Или веѓи како линија... Ти збориш за возрасни личности, ај докажи му на тинејџер дека висината му е сосема во ред...
Јас сум секогаш за подолги имиња. Некогаш сум слушнала некоја глупост ама си ја врзав дека е така, како името дава моќ на личноста во смисла колку повеќе букви толку подобро. Имаше еден сфилм уште како дете го гледав во него една убава жена Андромаха, и си мислев така ќе ја крстам ќерката ама не се осмелив.
Моќни се да, маж ми Александар, премоќно име, Аце уште помоќно. Жими на пасош што му стои правото име. Затоа не сум за долги иако има преубави.
Децата до сега никој не ги крати, долги се ама лесни, и јас не користам кратенки ни за туѓи ни за свои деца а моето пак долго со уште 2 долги презимиња, кога пополнува документи најмоќно се осеќам