Името звучи многу убаво, за бебенце пак ептен ми оди , но да во Бугарија го има многу често, јас живеев долги години во БГ и стварно често среќавано име е таму. Но потеклото мислам му е руско...Гала е со сигурност руско, а Галена незнам сигурно, но сепак е православно, славјанско име. Од женски имиња многу често го среќавам во последно време името Нела, а оддамна го немав сретнато кај бебе.
Мене не ми се допаѓа. Муслиманско име,со потекло од Африка и Азија.Значи стебло,лав,вода во пустина,успех,успешна жена...
Прашаа за мислење општо за името, а не све похвале и убави зборови. Ептен сте мекуши бе, све живо ве повредува.
Прашаа за мислење а членката одговори. Секој си има право да мисли што сака. Прашувате за мислење, ви кажуваат па се љутите. Ептен фали смајлино што се крсти овде.
Прашаа мислење за името. Секој има право да каже што мисли. Ако финкционираме на тој начин бидејќи некој се осеќа навреден од наше мислење веројатно ќе треба да молчиме. Како што гледам немаш ни ти влакна на јазикот кога и се обраќаш на членката. Нема логика. Интернетов е полн со сва и свашта. Ако така лесно ве тригернуваат и палат туѓи мислења воопшто не користете ниту интернет ниту телевизија и слично.
Имаш право да кажеш што мислиш, никој не ти го зема правото. Велам само дека некогаш треба да се има осет и да се знае кога треба да се преќути некое мислење. Особено кога станува збор за нечие дете. Ете, прашај си ги родителите, како би се чувствувале, реагирале ако на некаков начин тебе некој те навреди/повреди. Ај важи, сега ќе те послушам. Гасам интернет. И тв, да не ме мислиш.
Така си е колку сакаш бегај од темата. Милиони луѓе има на интернетов и секој си има различно мислење, сигурно нема сите по твој тертип да играат за само ти да не се навредиш.
Не се навредив јас, јас не го ни поставив прашањето. Не е мој тертип да нема навреди во постовите на форумов, тоа е едно од правилата на форумов.
Тоа е твое мислење дека е навреда. Ниту е упатено кон некој лично ниту е нешто престрашно така да не е навреда не претерувај. Туку мислење, обично. Да неможе да прдне човек од вас искрено. Све што е помодарство мора да прифаќаме одма и секундарно иначе одма во жртви се претварата. Дај на суд да идеме ако не пошто ние сметаме дека тоа име е кучешко а ти сметаш дека може и човек да го носи.