Здраво феминки,нова сум на форумов и сакам да ве прашам за мислење. Со мм очекуваме бебе и се двоумиме помеѓу две имиња Тара и Тамара.Според вас кое е поубаво?(едно од овие две сигурно ќе биде)
Стефан и Јован само, за другиве одма на ум ми паѓаат Номче, Иле, Ѓоко.. а за Томе и Ристе мислам дека еден ден ќе ти се лути хаха
@ar.in На прво место го ставам Наум, на второ Јован, списокот ви е се од македонски имиња, сите се среќаваат често, но се убави наши имиња, Наум ми е така поретко среќавано и убаво ми звучи. @Anjickas Не ми се допаѓа Нала како звучи во Мкд, а во врска што ми е мислењето за името Нала, имам погоре пишано мој став генерално за поретките странски имиња, не ми се допаѓат воопшто како звучат тука, можеби да го слушнам во Америка нема да ми звучи лошо името. @TDD Тамара
Е ај сега дека на некому не ни звучи убаво името Нала, ама нели од помодарство не смееме да кажеме дека не ни е убаво сите да лажиме и да речиме леле прекрасно име. Мене лично апсолутно не ми се допаѓа воопшто, како што и еден куп други имиња не ми се ниту звучни, ниту својствени за нашето поднебје, ниту одговараат за бебиња. И не мора веднаш да скокате, секој има право на свое сопствено лично мислење и убедување, во случај да не сакате да слушнете негации или мислења поразлични од вашите не прашувајте.
Мене ми се допаѓа Тамара ------------------------------------------------------------- Кога некој бара мислење за одредено име, доволно е да пишете дали ви се допаѓа или не. Не мора одма да мешате животни. Задржете си го остатокот од мислењето за себе.
Дечки, брутално- небрутално, бидете реални, ако тука ВАС напишаното ве вознемирува и вреѓа, детето истото тоа ќе го слушне само десет пати полошо. И подобро на темава без цензура да се пишуваат мислењата околу нетипичните имиња, зошто тоа се реалните реакции кои утре детето ќе ги добива од светот околу себе. Кучешко, мачешко, бугарско, бабско еве тука со помош на модератор ќе ги „замолчите“ таквите несакани реакции, ама надвор од форумов? Сите знаеме по некој несреќен Милутин, односно Мики за сите останати, освен за крштеницата. И Леа никогаш нема да биде кучешко име May the force be with you
Колку пати и мене не ми се допаѓале одредени имиња, ама не сум лажела леле колку ми се допаѓа. Туку сум си кажувала дека ете мене не ми се допаѓа. И крај на приказната, без многу филозофирања.
Јас мислам дека некој кога бара мислење за некое име, освен тоа што бара одговор од типот убаво е името или не, бара и малку повеќе мислење пример зошто не му се дипаѓа некому. Точно е вкусови различни имаме сите, плус мислењето понекогаш се менува, пример имам пишано за мене името Вера беше синоним за баба Вера, но откако сестра ми ја крсти ќерка и Вера, сега името ми звучи многу убаво, плус сум љубител на македонски имиња, имињата Снежана, Сузана, Светлана и Весна на мене ме потсеќаат на секоја втора тетка, затоа не би ги ставила на моето дете, (btw Снежана беше желба на мм по свекрвата) имињата Миа, Кјара, Мелани, Нала, Наоми, Кира, и секакви други нетипични за нашата земја мене не ми се допаѓаат, и сум многу против да ги ставам на мое дете.....такви аргументи сакав и јас да слушнам кога побарав јас мислење за моите предлози. ...И да, да ви кажам избрав име и со помош на овдешните мислења, покрај тоа што мм беше за името, 90% од коментарите овдека на форумот беа во полза на името што го избрав за бебето ....инаку највеќе ми се допаѓаат интернационални имиња како Ана, Софија, Ема, Ива......исто и руските имиња ми звучат убаво со наши презимиња, како Ксенија пример...
Дали некој во Македонија би си го крстил синот Симба или Муфаса? Зошто ист е ефектот Нала има убаво значење, прва голтка вода во пустината, но ние не живееме во пустина. Уште може и некој sjw да ги окриви родителите за cultural appropriation ако не се од афричко или арапско потекло Плус, Нала е лавица, така да повеќе би требало да е мачешко отколку кучешко име. Во секој случај, не е име за македонче Не се играјте играчки, ќе го убијат од зае*авање детето во школо.
Ма не, последниве години е чудно во класот некој ако има нормално име што било во наше поднебје, сега повеќето се вака кратки и странски и никој никого не зафркава. Кај брат ми во клас, во основно се такви имиња имаат соучениците, само он и 2-3ца имаат имиња што се користат со години кај нас, а не е ни толку мал, 13г е, можам да замислам сега кај па уште помалите деца како е, битно никој никого не зафркава. Ама па немаат ни Трајко, ни Ристе во клас, а пред 100г тоа било модерно... Инаку и мене не ми се свиѓаат новите имиња, но во новите генерации тие преовладуваат и мислам дека нема да се чудни. Јас не би си ги крстила децата така, сакам "наши" (имиња што преку 20-30 години се кај нас прифатени де) и долги имиња, пограциозно ми звучат. Секогаш ќе ми биде поубаво Мартина или Александра од Леа на пример, но ете тоа не значи дека луѓето магично ќе прекинат децата да ги крстуваат така зошто јас имам такво мислење. Па и јас во темата прочитав дека подобро било некоја Катја денеска да се викала него како моето име што е, немало да ми оди со странски презимиња демек, па еве не се навредив. Нека си искаже секој мислење, не може сите исто да мислиме. Ќе беше досадно сите исто да се викавме и да мислиме.
Децата учат од возрасните. Така да, ако сите ние им бидеме добар пример на децата нема да убијат од заебавање некое дете поради името кое го има. @Kimberly11 @SugarHoney Што ќе кажете за името Марко?