Да, и ние живееме во Македонија, една културна, едуцирана и либерална земја каде секој си ја брка својата работа и не се замара што прават другите. Не, така? Баш зошто знам што значи да си поразличен од другите во менталитет како нашиов, затоа и сметам дека мора да се земе во предвид поднебјето каде детето со чудно име ќе живее
Ако тебе не ти се допаѓа не значи дека е измислено, и тоа име има некое значење. Во ред е да не ти се допаѓа некое име и не мора да вреѓаш, можеш и на мирен начин да кажеш дека не ти се допаѓа на тебе.
Во ред, не ми се допаѓа толку. Јас и си пишав дека не ми се допаѓа не знам зашто толку драми правите.
Името не е измислено.Старо е и го имале жени години пред појавувањето на Кралот Лав.И го имаат и девојки родени по појавата на филмот.
Муабетот беше за специфични имиња кои станаа помодарство кај нас, а се даваат на миленичиња или наликуваат на такви. Ептен сме подложни како народ и потпаѓаме многу лесно под влијание на некои глупи измени во општеството. Се срамиме да ставиме имиња кои имаат историја со векови и векови со изговор дека се старомодни ама не ни е срам да ставаме имиња што се карактеристични за миленици или се новоизмислени. Како ќе бидеме добар пример за нашите деца ако потпаѓаме под туѓо влијание така лесно? Изоставаме наши имиња а користиме туѓи, изоставаме наши празници а славиме туѓи и слично. Не би рекла дека тоа е добар пример. И замислете вакви сме само ние, ниту србите ниту бугарите не се вакви, за грците и албанците да не зборам, се држат до она своето, а кај нас до се се држат само се срамат од свое. Ама македонче бе, пробувате да се допаднете некому или интересни да бидете сакате или појма немам што е работава. И ич не ми е гајле кој какви имиња става туку секој има можност да си каже што мисли така да џабе ќе ме цитирате да ми држите предавања и да ми чатите како тоа не е така и слично.
Извини вака ама многу си проста, барем не пишувај и не се брукај веќе, пола форум ти се смее. А вакви изрази дома да си користиш. Колку некој е фин со тебе и сака да ти објасни ти толку повеќе го вреѓаш.
Ти почна да наоѓаш невкусни маани на имињата. Па затоа ако почнеме на секое име по некоја замерка ќе му најдеш. За имево за кое те прашав немаше никогаш да си го поврзам со животно, ако пред неколку години не ја слушнев една комшика како и вика на својата снаа, како можеле да му стават име Марко на детето, така ги викале Спојлер магарињата не било тоа име за дете И рачунај тоа го кажа жена која цел живот живее во град и која не е припроста. Ама јас не сум слушнала ниедно дете што се вика Марко да биде исмејувано Така и за Нала НЕ мислам дека е име кое би предизвикало потсмев.
Ти вреѓаш,она не.Она кажува дека името Марко го ставаат и на животни. Ти се истрча со „ужас,кучешко“ иако можеше пофино да кажеш дека не ти се допаѓа. Како Марко,така и Нала е име кое прво било давано на луѓе,а потоа сè почесто и на животни.Тоа е муабетот.
Ај името е избор, но ако презимето ти е чудно, а ти ете тоа не го бираш и за тоа знаат маана да најдат. Чудна држава сме стварно, кај нас се што се издвојува од толпата е многу почудно прифатено за жал. Ко мала колку им било чудно што се презивам необично и е тешко за изговор... Ова е плус причина што на дете не би му дала необично име, грешење при изговор, чудење и триста глупи реакции од луѓето... Па и професори кога те читаат те грешат, па смешно им е тоа на другите, а ти се мачиш сто пати да објасниш како е правилно уствари и па некој нема да те научи зошто му е тешко за изговор. Последниве години немам таков проблем ама ко помали кога бевме стварно ме иритираше тоа. Затоа е подобро да не се комплицира толку со имињата бар кога веќе името е избор и може да биде некое полесно и поедноставно за во животот. Особено кај нас еве да е прифатено и познато. Но, на крај се е избор на родителите.
Јас многу го сакав името Меглена, кога прочитав дека доаѓа од место Меглен, егејско, едноставно не сакав да се правам нешто што не сум. Немам егејско потекло, само за тоа не го ставив, а името пак ми е убаво. Исто и Лејла ми е убаво име, преубави песни има испеено за Лејла. Сепак решивме наши имиња да ставиме, со многу убави значења.
Сите мачори се викаат Марко, ако глеаме реално нели? Кој како сака нека си го крсти детето, поднамалете со инаетење и вакво понашање со вреѓање, нема потреба, доволно е не ми е убаво коментар и толку. Тебе те цитирав ама не е за тебе долново напишано, чисто да е во еден пост
Имав другарка во основно што кучето си го крсти по мене, само машка верзија, па бев пресрќна и многу го сакав кученцето.
Имало измислени и неизмислени имиња.Интересно, не знаев. И баш ме интересира дали озбилно мислите дека постојат ексклузивно македонски имиња?Не знам, Стојанка можеби.
Штом повеќе од половина форум ве цитира и ви кажува дека нешто не е во ред со вашето мислење, тогаш треба да си го ставите прстот на глава и да се запрашате каде згрешивте, а не да глумите жртви бидејќи имате „поинакво мислење“ што никој не ви го почитува. За вкусови не се дискутира, факт. Колку луѓе познавам што ставиле имиња на нивните деца што не се по мој вкус, но тие си одлучиле така. И тоа е тоа. Кога веќе не знаете на културен начин да кажете дека нешто не ви се допаѓа, тогаш подобро е да молчите. Читам само ние сме ставале странски имиња за да им се допаднеме на другите, а поголемиот дел од христијанските имиња се од грчко, латинско или еврејско потекло. Во Албанија колку има што се викаат Џени, Кејси, Трејси, Синди... Ова е само еден пример.
Јас си имам одбрано по три имиња за моите деца здравје во иднина, и да сте 3 машки или 3 женски немам гајле Женски: Лена, Дарија и Еда. Машки: Лазар, Давид и Лука. Не постои човек на светов што ке ме премисли за ова дм се согласува тоа е најважно
Доволно беше за кучиња мачки. Ако нешто е испуштено ве молам пријавете и без понатамошни оф топик коментари.