Другата половина молчи затоа што е попаметна. Наместо да вреѓате сконцентрирајте се на тоа да ги научите вашите деца да не размислуваат како вас. И Стојанка да е и Нела да е, ако ти не збориш дома лошо за Стојанка и Нела твоето дете исто нема да збори. Сите имиња се убави. Вашето размислување не е убаво. Лош ум лошо гледа. Крстете ги децата како што вие сакате. Темава подобро да се заклучи засекогаш. Барем свесни сме со кого го делиме воздухот, за жал.
Дечки јас се породив и бидејки падна тешка борба за кое да го одбереме Иан или Ноа. И реков кога ќе го бидам првиот пат ќе ми дојде како да се вила и се одлучив за Иан. Иан е христијанско католичко име и значи Господ е милостлив. По некоја сличајност плус е кратеница од нашите имиња . Инаку највеќе изборот падна на Иан бидејки мн го сакам Ian McKellen и Еwan McGregor. Ама бидејки мм се вика Иван се одлучивме баш Иан да се пишува, да не биде во странство Иџан или кај нас Еван хахах. Ноа остана за второ бебенце... П.С.Мене моите родители никогаш не ми се обратија по моето вистинско име туку по надимак ме викаат.Како и сите останати иако надимакот е подолг од името хаха. Касно и си го дознав вистинското име и до факултет ми беше несвојствено. На факултет дури научив колку ми е моќно вистинското име кој авторитет го има. Сакам да кажам дека и родителите имаат влијание колку детето ќе си го прифати и сака името...
Точно така, тоа е муабетот, Елена, Тања, Ивана, Бисера, Лена, и слични се досадни, а Леа, Леони, Мелани, Кјара (и некои чудни склопеници, новоисмислени) и слични се многу попреферирани и интересни....за жал. А најјак е муабетот зошто живееме во странство, како на русинката Гала Петровна и е гордост во Германија да и се познава руското потекло, нашите повеќето го мислат да е лесно за во странство затоа е Софиа Митов....ПЛИИИИС да не се навреди некој, тоа е само мое мислење што ме дразни професионална деформација извинете зошто сум археолог и културен антрополог многу држам на традициите Никој не сакам да засегнам со моето мислење.
Значи ако го крстам детето Леа сум предавник во своја држава и не си ја почитувам историјата, се срамам од потеклото. Ако ја крстам Стојна срамота, толку старомодно име во 21 век. А да си гледате за вашите деца и да ги оставите родителите да си ги крстат СВОИТЕ деца како што сакаат? Вака мислам најдобро би било. Темава е за предлози, идеи, мислење, но не и наметнување вина, исмејување итн.
Јас па не знам зошто постои темава воопшто вака како што напиша. Не знам што мислење може да ти даде некој за името на сопственото дете ако веќе си се решил. Плус ако веќе си решен за името, зошто би барал мислење. Некако контрадикторно.
Што е контрадикторно? Се мислам помеѓу Ана, Рајна, Вања. Што мислиш кое најмногу ќе одговара со презимето Стојанова? Или носам близнаци, кои две имиња најмногу одговараат? И ти набројувам 3 комбинации. Мислење. Нема што да некој да дави и тука за патриотизам, историја, помодарство било, срамота било.
Јас кога ќе имам дете официјално до тогаш ќе научам да не се замарам со ништо. Детето на истото ќе го научам, и нема да се замара кој што му кажува за името. Јас како сакам ќе го крстам мое и на муж ми ќе е детето. Макар и Ѓорѓи и Џорџ да ми се вика детето.
Ама тоа и ми е поентата. Ако јас мислам дека Петранка е добро име, и сум возрасен човек што се спрема да има толкава одговорност како дете, нечие мислење на форум треба да ми е тотално небитно, ако веќе сум се решила за едно од имињата. Нема веројатно одлуките за дете да ги носам врз база мислење на форум, уште помалку нешто да се навредувам што рекле за името.
Кој рече да одлучуваш врз база на форум или нешто сосема друго? Кога се двоумиш бараш мислења, последната одлука е секогаш твоја. Може кума ќе бидам, па барам мислење, не мора да е за мое дете. Без разлика ете, може некоја сака да праша и да одлучи. Ако гледаме така тогаш што бараш на форумот да читаш туѓи мислења. Глупости.
Па сигурно нема да се навредувам за име, дошла на форум да праша и после ќе и речат не е убаво, и припаѓање 20 страни навредени сите.
Никој нема да се навреди ако некој со фини зборови каже зошто не му се допаѓа името. Ама,од коментар „ужас,кучешко“ како да не се навредат сите?