Ама јас не реков дека она е во право. Јас ич не би се навредила, прво истото го имам чуено во живо мал милион пати за многу имиња, второ мене треба да ми се допаѓа, не на некој на форум. Ако е за сите да ти кажат со sugarcoating темава не треба ни да постои оти убаво рече @Nausicaa, истото ќе го слушнете и надвор. Сакам да кажам, не може да прашаш за мислење и да не очекуваш секакви одговори, тоа е детски и наивно.
И јас нема да се навредам, нека е и кучешко и мачешко. Ама да не го крстам лупам Ерик за да не ја навредам мајка македонија
А замислете да беше како порано. Што ќе каже кумот тоа. На пример дедо ми две години се викал Иле. Дошла крштевката и кумот во црква рекол детето ќе се вика Драган... И така дедо ми се викаше Драган.
Ние си го крстивме девојчето Вики. Чисто Вики. Имаше чудење во почеток, ама како велат Секое чудо за три дена. И мене ми биле чудни некои имиња, ама секој си има право да си ги вика децата како што сака.
Таман работа да го крстиш некако за да задоволиш нечии други принципи. Се согласувам за тоа сосема. Поентата не ми беше да се ставаат само традиционални имиња, туку секако на некој нема да му се допаѓа името. Ако ги земеме сите мислења предвид, никогаш нема да најдеме име. Е сега јас лично мислам дека за свое дете би избрала некое поприфатливо име за околината, макар и интернационално, да не се мачи да се објаснува како се пишува и слично. Другарка ми има странско име што не е натурализирано тука и си го мрази зошто на секое три пати го повторува и секаде ја грешат транскрипцијата. Од тој аспект пример би се решила за некое име кое е прифатено и во средината во која ќе расте.
Има имиња застарени што се се' поретки, има нови модерни имиња и има безвременски, како на пример Јана, што би го избрала како име на моја ќерка, ако имам. Јана и Јована или Јоана најмногу ми лежат на срце. Од машки имиња немам некое посебно. Интересна појава ми е оној став ,,Ќе му дадам интернационално име да биде прифатливо и лесно за изговор ако се пресели во странство." Роди го и крсти го за во странство да оди. Добро, кој како сака. Сте слушнале за Рејчел Стојанов(а)? Млада гимнастичарка, не сум сигурна дали има македонско или бугарско потекло, сеедно, името не одговара со презимето и мене лично некако безврска ми е таква комбинација ама ок, нивно дете, нивни избор. Еднаш сретнав име Дејвид со македонско презиме, не се сеќавам на презимето. Да речеме, Дејвид Петрески или Дејвид Иванов. Да не биде Давид, Дејвид да биде. Ооок. Да не ти се допаѓа нечие име е ок, ствар на вкус, ама да исмеваш или навредуваш некој за име, е тоа ми е веќе дебилно. Или за навреда го сметате и ако кажеш дека не ти се допаѓа?
Золва ми долго време се викала Христина,потоа дошла кумата со торта и сега се вика(името е само пример)Наташа.
Јас имав другар во маало Дејвид и не бев свесна дека не е македонско се досега кога ти спомна. Баш ми беше ок, не ми било чудно никогаш. Значи се е до навиката и перцепцијата.
Така е, во право си, се бара мислење а после се навредуваат, а форум е за дискусија не е само за одговор да или не. А тие што имаат спротивно мислење не навредуваат конкретна личност, еве за имињата секој си има став, мислење и си го кажува без да сака да омаловажи или навреди некој, нема што некој што обожава актуелни модерни имиња да се чувствува навредена ако некој му каже Лана не ми е убаво, јас би Деница, сакам македонски стари имиња...но за жал се чувствуваат навреден без да ги навредува некој. Никој не ве навредува и исмева кога си кажува мислење дека едноставно не ми е убаво вашето посочено име за кое бараат мислење од причина што сака руски имиња, или сака стари македонски имиња или сака кратки имиња....и ред други причини, тоа не е исмевање, не е ни навреда. .....и да еве мене ми кажаа голем број членки Стела е име на милениче И НЕ СЕ НАВРЕДИВ, зошто побарав мислење за имињата, и навистина сретнав 2 кучиња што се викаат Стела ...фала ви што ми помогнавте во изборот на име па место Стела (име што често се става на милениче) одбрав Марта ...Исто нема што да се навредувате што мене анонимна членка што сум х небитен фактор во вашиот живот не преферирам и воопшто не ми се бендисуват имиња како Леони и Мелани со мкд презиме, не ве исмејувам само кажувам едноставно не ми оди и не ми звучи убаво.
секако нњ ги родив тука во дупкава да останат да живеат Имињата им се бирани за други, туѓи дворови е како може ова?? Од секогаш име се запишувало во матично 40 дена од раѓање.
Твоја свеки ко мојава. Само раскажува приказни за мали деца. А малку ја прашаш за нешто логично, врти муабетот. Нема логика да смениле име туку така. За тоа има процедура.
Се во ред ама, Мелани односно Меланија е Македонско православно име, го имаш и во православно календарче. Ако не е често, незначи дека е присвоено од негде.
На моја комшика козата и се викаше како мене, ми беше смешно кога ја довикуваше, не се налутив или навредив. Пред некое време во парк една жена шеташе куче, тоа се одалечи малку од неа, му довикна Никола врати се тука. Моите чуваат куче се вика Лана а имаат пријатели ќерката им се вика Луна. Ќерка ми се вика Божица, кога ќе ме праша некој, се чуди какво име е тоа. Нема мачешко или кучешко име. Секое име е име за себе. И за родителите тоа име е најубаво. Порано сакав ќерката и синот да ми се викаат Ерика и Максим, ниту едното ниту другото не го доби тоа име
баш ме интересира што ќе ти каже Ја замислувам мојава како инстантно измислува друга приказна и како не сум разбрала нешто