Се родила и си ја крстиле Христина. Имало многу снег и кумата дошла по неколку дена,носела торта со име кое сега го носи золва ми. Не била уште заведена во матично. Сите деца им се по неколку дена заведени,не на денот на раѓање. Ете ја приказната
Гарант е Снежана. На таков снег греота би било кумата да ја крсти Христина Ке ме праша мене некој како кума или уште помалце јас ке си ја прашам кумата како ке ми го крсти моето дете
Хихи,не Јас за вторава оставив кумата да одлучи. 3 дена се двоумев помеѓу две именца,не бев бистра од анестезијата и навистина неможев да решам.
Така да. Мои предлози а да неможам да одлучам е друго. Но скроз е друго да си немам право на глас да си кажам бебето како да ми се вика. Што голем дел од нашите родители се така крстени. Иначе се изнасмеав со приказната
Мене баба ми, ми го сменила името Тогаш веднаш не крстеле во црква а мајката не присуствувала, па наместо името што го сакала мајка ми, и како што ме викала првите денови, баба ми се изборила за друго (моето име). Кога си дошле од крштевка ја изненадиле мајка ми со друго име.
Јас се мислам меѓу Софија и Лена, иако живеам во странство и имињата како Леони, Амели,Скарлет итн. ми се допаѓаат никогаш не би можела да го крстам моето дете така, едноставно не ми звучи природно,да се оградам никого не осудувам! Затоа барав интернационални а воедно и македонски имиња. Здравје имам уште 3 ипол месеци за одлучување
Е како може, дај малку логика вклучете. Во црква не се заведува име, туку кога се прави пријава во матична евиденција. Ако јас во матично пријавам Петра, било кое име да се каже во црква е небитно, останува Петра.
Леле аман, ми треба помош. Се мислев некој период за Симон, ама се премислив. Дарио, Матео и Емил ми беа исто во ум, ама и за тие се премислувам. Ми треба цел список, па да изберам нешто, вака не можам. Ми требаат многу предлози, па ќе ве замолам да бидете креативни.
Логика нема, имало почит спрема старите, во црква бабата кажала така, кумот се согласил, попот испеал. Ете мајка ми не отишла против нив, а не дека не можела да ме запише по нејзино. Значи бебето излегува од болница и прво го крштеваат после го пријавиваат во матично, така правеле еве кај нас, некоја традиција ли си следеле не знам. Што е чудно, уште има жени што не одат на крштевка на децата, баш на форумот читавме, зошто свекрвата така им кажала, а јас зборуваме за пред повеќе од 35 години.
Сега за да се крштева бебето во црква бараат извод од родените. Порано подруго е било. Некои не ни знаат кога се родени, така само си запишувале дата. Не е како сега, се електронски
Јас за женско имав многу долга листа, не знам кое ќе го одберев ако беше девојче. За машко ништо не ми текнуваше. И јас бев за Симон, па Ведран, Петар, Игнат и на крај за друго се одлучивме. Вака што ми текнуваат Филип, Андреј, Андон, Теодор, Лазар, Кирил, Јосиф, Борјан.