Оффтопик - Исто и баба ми на нејзини 20 год. дознава дека е заведена во крштеница и матична книга поинаку, во момент кога отишле да вадат документи да се венча со дедо ми. Цел живот си знаела едно име дека има, сите ја викаат така како што мисли дека се вика, оди да вади документи гледа друго. Ми има кажувано дека попот со друго име ја завел во крштеницата без да знаат, ваљда после тие ги пријавувале во матично на село, не знам. И тогаш плачки, нервози, не знам како било да го смениш кои процедури, па решила да и’ остане на документи новото, иако сите си ја знаеме и викаме по нејзиното прво име. Јас на пример тек на мои 10 години дознав дека баба ми има уште едно име . Супер бабичка моја . Онтопик @nevermet18 Јаков, Алексеј, Огнен, Богдан, Марко, Горазд, Гордан, Грегориј, Василиј, Михаил...
Скоро сите што ги набројавте се зафатени од ептен блиски роднини, па не би сакала ради тоа да му дадам исто име како неговите братучеди/вујковци. Освен Олег, ретко, баш убаво име, ама некако чудно ми е, мислам дека не би можела никако нагалено да го викам.
ова има логика (за мене). Сепак има едно име во документи, а во црква и дале друго. мене чудно ми е кога двете се поклопуваат, а демек смениле име. Ај за бабиве, друго време било, ама за нашите, за нас па да не зборам, имало веќе систем и евиденција. отупев, да
Дали озбилно и такво верување постои Да не треба и новото име накај машко да оди ? Матео е убаво Ведран , Војдан , Стефан, Методиј, Антониј, Теофан, Теофил ...
Еј ова за машко, една жена е крстена Братка, за следното да биде машко(брат демек) е до толку сме забегани на балканов со бабини деветини.