Бременоста ми е веќе на половина а немаме одбрано име. Сакаме да биде на буквата Д. Дајте предлози Давид е првото синче. За него името беше одбрано 5 години пред да се роди т.е не беше ни планиран а ние бевме во врска За второво имам чуство дека и кога ќе се роди нема да знаеме какво име да му дадеме Еднаш од интернет му читав имиња на синко и тој го одбра името Доријан ама јас не сум сигурна за ова име а синко веќе така му се обраќа на бебево. Дамјан и Дарио не сакам, Денис не сака мажот ми, Давор не ми звучи убаво... Дејан, Део и Даниел не може Па остана ли некое друго на Д Јас се мислам и за Јаков. Си велам па ете не мора на Д да биде. Инаку ние сме сите на буквата Д
И после Диме ќе го викаат сите не не. Многу мразам кога ги кратат имињата на децата или па ги продолжуваат со че пример Димитарчее Скоро сите се слични на нашите имиња затоа е толку тежок изборот. Туку кажете што мислите за Доријан? Јас бев скоро решена за тоа име ама мајка ми ми рече дека имало од името од свекор ми (Јане) 3 те букви јан и мислам косава ми се крена не сакам да ми споредуваат имиња И кој знае како ќе го кратат ова име Инаку мислам дека е ретко име, јас познавам само едно дете со ова име.
Димитар/иј Доротеј Даријан Душан Инаку Давор многу ми е убаво и ретко. Доријан фино е ако ви одговара со презимето.
Па да претежно имиња што се по популарни кај нас ги имаш веќе спомнато. На Д освен Дарен и Доминик не ми текнува друго име.
Убаво име. Послушај го синчето, а и поубаво ми е од горенаведените (барем за мене). Не знам кај вас дали го има, овде често се среќава ама Доријано. Скратено мислам дека ќе го викаат Дори Убаво звучи За друг да избереш име многу било лесно Јас кога бирав со месеци бе
Познавам еден Доминик од Австрија,интересно ми звучи. Давор ми е фаворит. И на синчето предлогот ми е симпатично. Дино,Доротеј,Даријан.