Алекс и Андреј Димитар Дамјан Огнен и Оливер Никола и Невен Стефан и Симон Предраг и Петар Бојан и Бобан Војдан и Владимир Томи и Тино Дејан и Давид Далибор и Даниел Горјан и Борјан Зоран и Здравко Кирил и Коста Матеј и Матео Марко и Мето Виктор и Владо Мартин и Михаил Теодор и Тодор
Убаво што сакате македонски имиња само нека се некои кои во странство ќе можат да им ги прочитат а да не звучат смешно. Јас сум со Македонско име и кога се преселивме во странство се случи еднаш во школо ме читаат а името звучи скроз друго, по презимето разбрав дека е за мене. Инаку предлог од мене. Матеј и Марко Јован и Јордан Петар и Павле Давид и Даниел Иван и Илија Стефан и Симеон
Дали ви се допаѓа името Магнолија? Го видов на интернет и ми се допадна, но не знам дали во Македонија ќе го прифатат.
Убаво е, ако вас ви се свиѓа другото не е важно. И онака сега се модерни вака поуникатни имиња, повеќето деца од овие генерации ќе имаат уникатни имиња.
Кај ги наоѓате имињава што завршуваат на ИАН (Дариан, Дориан и тн), некако не се поколопуваат со нашево потекло...
Зависи дали сакаат да пратат/почитуваат правило на транскрипција и во која држава се. Имињава што ги пиша некаде се пишуваат со ј,а некаде без ј. А,што им фали? Имиња со убави значења се. И членките имаат право да одберат имиња за нивните деца.Ние немаме право да се мешаме,можеме само да им предложиме имиња.
За месец и пол ќе се роди, ама уште немаме некое име за кое би си рекле „е тоа е тоа“. Од оние што досега малку ни фатиле уво: Теодор Ѕвездан Антоан Адам Дарин Јан Дориан Сакаме да не е премногу необично како Доротеј или Доминик, ама да не е и премногу обично како Дарко, Марко, Филип. Освен погоре наведениве, а во сличен стил ако имате предлог, би ни било од голема помош. Фала