Predlog iminja za devojche Seuste ne go znaeme plodot malecki sme, za momche tato vejke izrazi zelba kako saka.
Иво, Марин, Антонио, преубави имиња. Не го знаеме полот на бебето, но и јас ако е машко имам идеја за некое од овие, многу многу убави имиња се. Сега за сега Иван, Антонио, Мартин, Јован или Александар ми се допаѓаат за машко. А, за женско немам идеи, некако ниедно име не ми се допаѓа до толку. Првата ќерка ми е Јана, па сакав и некое име и на другото дете да е со 4 букви. Ако е машко најверојатно Иван би било од тоа што до сега ми се допаѓа. Не ги сакам овие новите модерни што се вртат од тип на Лука и Лара, сакам покласични. Имате ли идеи некои, секако е рано, но би сакала да видам дали нешто ќе ми се допадне многу за да е во игра до крај? За машки и женски имиња предложете ми. Сара, Игор, не ми се допаѓаат од тие што ми текнаа пократки, а класични.
Дримке си ги измешала нешто имињава, ги имаш свртено машките со женските Да не бидам офф За женско мене убаво ми е Изабела, знам дека не е со 4 букви ама ете да си кажам мислење А за машко Леон на пример.
Матеа, Ивона,Теона, Тамара, Елена, Иларија , Анастасија , Миа, Теодора, Калина Андреј, Матео, Петар, Јаков, Лука, Даниел, Давид , Максим
Женски со четири букви: Лена, Лина, Кира, Кети, Кате, Сања, Соња, Софи, Бети, Габи, Дина, Тања, Тина Иван е најубаво , не дека и моето се вика така. Други машки со четири букви : Адам, Алек, Бане, Боби, Васе, Илин, Лазе, Лазо, Олег, Сашо, Мето, Томе, Тино, Нено
Многу убави предлози девојки. За машко: Иван, Олег, Емил, Тино ми се допаѓаат многу. За женско од овие што сте ги предложиле: Софи, Кате, Мила.
Азра не ми личи за наше поднебје некако, првпат го слушам дека кај македонци се користело, а убаво е инаку. А, Срна уф не, од тип на Сара ми е, некако не можам да ги поднесам овие, одма од список ги избришав, ми одат на нерви. Да не ме разберете погрешно ако некој така се вика, само ете некако не ми фаќаат уво. Специфично е барањево имиња, не знаев дека толку тешко ќе биде за второво. На мм Иван и Кате највеќе му се допаѓале од овие што му ги прочитав од фемина списокот на идеи . Иван и мене ми беше преубаво пред тоа, а Катерина ми е многу убава верзија, но дека е долго името некако го избегнував, знам дека сите на кратко би ја викале, вака како Кате дефинитивно можно е да биде финално на крај.
Имам уште едно ама така јас ќе си го крстам со 4 букви, а според завод за статистика во Македонија има помалку од 5 луѓе со тоа име, па не би да го кажувам Мене ми беше важно да не се вика секое второ дете така Затоа Јана ја тргнав од список а многу е убаво Инаку, Азра има арапско потекло и значи невиност
Од овие поретки Клеа и Вук многу ми се убави, но мм не сака ни да слушне за такво име, немало шанса Клеа Блажеска пример, не му се допаѓало. И ајде пресековме нека си бидат класични кратки имиња. Јас па долги само бев решена дека не сакам, дека јас се викам Александра и цел живот сите ме викаат Алек/Алекс, никој не ме вика по цело име. Решив на мои деца не сакам да им ги кратат имињата.
Да и јас тоа исто гледав, затоа овие што ти ги пишав ми беа на список оти не можат никако да се кратат.