Кјара Го немаш наведено ама за идеја го пишав убаво е , можда чудно на прво читање или изговарање ама посебно.
Бог да чува @stsmua05 многу ме бендиса името. А и ако биде толку убава ко тебе ( а верувам и поубава ќе е ) ептен ќе и личи името. Големо гајле кое е презимето
Мило ми е што ти се допаѓа душо На сите кое им е на душа да си го дадат најбитно е на нив да им се допаѓа. До сега личи на татичко ама не се лутам на кого и да личи живи и здрави да се само
Јас арно што ќе ставам на дедото име. Инаку за сто живота немаше да се одлучам како да го крстиме. Нашето ќе е СлавеН. Требаше Ристан на баба му, ама дедото сакал по него. Ајде нека биде така, мене ич не ми менува тоа. Само да е живо и здраво. Ама мм оти не може убаво да каже Л , па уште од сега си го вика Рики. А внучка одлучила дека ќе си го вика Бубо
Имаше едно девојче кое пееше многууу убаво на Пинкови звездички. Мартија се викаше. Баш ми е убаво, ретко име е.
Јас да си кажам дека за втората ќерка маж ми одбра име кое на почеток мене ич не ми се свиѓаше. Јас си имав друга замисла, ама не испадна по мое оти за првата јас одбрав име. Сега воопшто не би ѝ го менувала, баш ѝ е убаво, не е ново име, ама сега ретко го ставаат. Поради детето го засакав и името
Многу убаво е Славен Јас сум нашинка, не сум по странските имиња. Дури и тоа што звучи старско е многу ретко, па на крај ќе излезе модерно Шо и фали на Душица?
Убаво е, речиси слично со Мартина, само што е ова поретко. Сите верзии се убави, модерни, Марта, Мартина, Мартија.