Аиии колкава листа Вака никогаш нема да одлучиш Селектирај три , па видете со маж ти. Искра е преубаво.
Матеј Се мислевме до скрос последен момент. Односно, од кога се роди после 5 минути ми дојде некако, да кажам дека се роди Матеј. И така и остана.
За момче помал беше списокот, и решивме тоа што беше најретко, а нормално македонско име. Од тогаш имаме сретнато уште 3-4 помали момченца со исто име ама не е пречесто како Дамјан, Лука, Филип, Јован.. За женско потешко.. Имам сретнато многу убави имиња, модерни, постари, ама некако немаат врска со нас како семејство.. Знаеме и една Дафина, Софронија, Асенија, Надја, Галена, Кира, Клара -сите ми се допаѓаат ама имаат врска и со специфичностите на родителите. Плус, замислувам како викам по тодлер на игралиште, некои ич не ми одговараат Овие би ги можела, освен можеби Бела (кога подобро ќе размислам со потемен тен сме и мислам дека и она нема баш да биде бела), Дениција ќе биде тешка за изговор дека долго, ако ја скратиме на Дени нема логика. Ќе се скрати изборот, ама изгледа ќе ја видам прво па ќе одлучиме како да се вика. А долгата листа може ќе инспирира некоја идна мама
Ништо Китен, преубаво име е Душица,скроз миличко. Кирјана исто, ми беше во топ 3 за ќерка ми. Јас па кога ќе слушнам Клара, Каја, Кјара, Клеа, Лара, Миа, Леа ми се скроз неинвентивни имиња, можеби да се родев на запад другачие ќе мислев. Тука кај нас се само безвезално помодарство, и смешно ми звучат.
Ќе имаме второ детенце и малце потешко ми е да одлучам за женско име . За кое би се одлучиле вие? Мелина, Дениција , Доротеа или Јоана?