@Sarence мојата е Антонија, скратено никако не ја викаме, дедо некогаш знае да и рече Антонче ама она сама му вика Антонија ми е името, сега и брат и Димчо го вика а името му е Димитар и на сите кажувам нема скратено, ама затоа Антонија пак го кара дедо и Инаку познавам девојче што се вика Николија и сите Ники ја викаат дури и мајка и и ја прашувам зошто кога е убаво името, ми вели Николија ја викам само кога беља некоја направила
Фала ви на сите што ми пруживте помош за изборот, според гласовите ваши и на нашите блиски изгледа ќе биде Антонија, иако јас повеќе бев за Николија, ама поради што добив бројни закани да ги наречам од "Високо овластени лица" дека ќе ми ја викаат НиколиНа" затоа ја додадовме и Антонија за опција, останува уште кумовите да ни одобрат.
Само да споделам една страна со листи на имиња - мислам дека овде наидов на најголем број на имиња (македонски, а има и од други јазици), па ако на некој му треба идеа...-> https://www.behindthename.com/names/usage/macedonian
Еве некогаш сум трудна со второ и е женско, името сеуште ми е омилено а маж е за Ирис И Ема сеуште си го сакам Мислев дека ќе одлучам брзо ама потешко ми е од првото
Син ми е Емил,женска верзија би бил Емили.Ема е исто убава,повеќе ми се свиѓа од Ирис. Јас сега за ова бебе уште незнам како ке викам,им реков никој да не писне за име,сама се мачам, ке се вика како мене ке ми текне,лани многу сакав син ми да се вика Тео,син ми само да е контра се запна Лео,и така бидна.Сега не им попуштам,се мислам за Матеј,Ален,Олег ама уште немам дефинирано.
Ален и Матеј ми се преубави, проблем со Матеј ми е што во последните неколку години на многу деца му го ставија тоа име и ми се чини секое второ машко дете ако не е Андреј тогаш е Матеј Ја би Ален, Олег ми е само Ок Но кое и да го одбереш за тебе ќе е нај убаво, и тоа е нај важно.
Ако сте од муслиманска вероисповед Ален е убаво но доколку сте од христијанска вероисповед Ален не одговара, а исто така можно е и да не го крстат в црква.
Зошто да не го крстат? Јас лично знам неколку деца со вакво име, крстени во црква. Зар децата со имиња кои не се православни не ги крштеваат?
Во Србија и незнам која држава уште една не ги крштеваат. Најубаво да си прашате во црква за ова дали тука ги крштеваат.