@Anita Nikoloska зошто да не одговара, име си е име. Еве конкретно Америка ги има многу што се Ален а не се муслимани Никогаш не ги делам имињата на христијански, муслимански, будистички итн... Ако родителите сакаат детето да си го крстат со име што му е убаво на нив што има црквата да каже дали може да се крсте или не?! Ако е за така пола децата треба да не сака да ги крсте црквата пошто имињата им потекнуваат од други религии и држави. Во моментов ми текнува на Сара, име што е еврејско и арапско, исто и Давид е еврејско, или проблемот е само за имиња со муслиманско потекло? П.С. христијанска сум
Исак е исто така и православно и муслиманско. Пред мои очи видов човек како смени религија и остана Исак. Никој нема право да забрани да се крсти детето. Исто и Денис на пример.. Името и религијата немаат допирна точка. Ведран не е православно име, па не знам дете да вратиле.
Абе каква забрана за да го крстиш ако дадеш муслиманско име. Нели ви е јасно дека за пари било како ќе го крстат...
и јас ко тебе, кога го дознав полот па се до пред пораѓај Тео го викав, на крај друго име го крстивме Олег е многу убаво име
Македонско е да, ама не православно. Имаш во календарче на МПЦ. Јас на пр. сакав ќерката да си ја крстам Кирјана (старо македонско име) , ама во наша православна религија постои само Кирана.
Како па да не. Муслимани што ја примиле православната вера, се крстиле без да сменат име. Името и неговото потекло нема апсолутно никаква врска со крштевањето, тоа е нешто сосема друго.
Сите три се убави имиња, Олег мислам за разлика од Матеј, не е толку често име ❤ сепак мајка изборот е Ваш, јас за мојата госпожа од кога дознав пол одма му кажав на мм како сакам да се вика, малку се мрштеше на почеток ама не попуштам ипак сакам јас не толку чести имиња ❤
@Anita Nikoloska мислам дека за името во црква не би требало да прават проблем, зарем сега кога ставаат модерни "Странски" имиња, како на пример Мишел, Џесика, Стивен... Сепак тоа е избор на родителите или кумовите, а и како што кажа членката погоре за пари било какво име и да ставиш ќе го крстат...
За женски имиња имам уште еден куп, ама за машко, буквално ниедно не ме воодушевува. Стефан и Јован ми се ок, но не ми е така ко што ми е за женските, она да ми се допаѓа и да знам дека тоа е тоа. Иначе никогаш не сум знаела кое е православно, кое муслиманско име. Има странски имиња кои ми се допаѓаат, како Мелик, Мејрем, Лилија, Еџе итн. Значи со име не се станува верник, ниту припадник на било која вера, верата се добива со чинот крштевка. Што би било со атеистите иначе, не би смееле да стават православно име?
Ќерка ми е Сара, на една пријателка Ромка ќерка и е Сара... Името носи Хебрејско потекло, Сараи-принцеза. Сара била жената на Авраам, значи е Еврејско, го носат Будисти, Хинду, Коптите, Евреите, Муслиманите, Католици и Православни. Не гледам причина зошто Ален не одговара. За ќерка ми, дури попот искоментира, дека сме одбрале убаво име на убава жена од Православието и Историјата, и дека носи убава среќа и судбина Јас го одбрав името, да биде кратко, интернационално, Православно и секаде во светов да ја викаат така. Спојлер: Потекло Четвртата верзија зборува за припаѓањето на Алан на библиските легенди. Во секој случај, има еврејско потекло, денес е многу популарен. Од хебрејскиот името е преведено како "даб". извор: https://rt82.ru/mk/dlya-uchrezhdeni...e-imeni-alan-istoriya-i-sudba-interpretaciya/
Мене многу ми се допаѓа Димитриј или било кое име што може да заврши со ј (Атанасиј, Николај) нешто така
точно, ние кај што сме кумови детето си го крстија Стивен , летово правеа крштевка и го крстивме во црква никој ништо не спомна за името
Ален не е муслиманско име,и знам доста деца што се крстени така.Јас сакам кратки имиња што не се скратуваат,и што не се викаат нагалено,Емил и Ален ми е убава комбинација,или Емил и Матеј,Олег некако ми е на последно место.А за Тео изгубив желба,некако лоши спомени ми буди.Маж ми предлага Максим или Тадеј ама нема шанси да го послушам.
И Тадеј не е лошо, не секојдневно убавко именце, ама јас мислам мајка како ти сакаш така да биде, сепак последен збор е секогаш на мајката ❤❤❤
Не знам од каде ти е ова дека Ален е муслиманско име, ама ај. И не шири вакви дезинформации дека нема да го крстат.
Тоде јас познавам луѓе што им ги скратуваат имињата а ни приближно со нивното Александра - Сашка, Ванѓелина - Вања, Марјанчо - Мане
Второто дете има име кое го има и кај муслиманите и кај христијаните исто значење има. Јаков кај нас Јакуп/Јакуб кај муслиманите.