Леле,леле колку се смеам цела вечер. На Тодоров синчето,именцето му го држеле у тајност и татко ми си прави муабет,ко принц да е,ко да не ќе го дознаат и ми се врти,тебе кога кумата ми го даде тоа и тоа име,јас и реков како Тито кога му рече на Сталин,НЕ (и мавта со раката,со показалецот!)! Со кого живеам?!
Меланија православно и не толку често,ќеркичката ми се вика така а за машко ....Андреј или матеј ке видимее
Јас кога би имала деца би им ставила имиња за „интернационална употреба“, значи имиња што ќе звучат убаво на Македонски, Англиски,Шпански... Значи: Петар/Лука/ и Рафаела/Кристина
Росалинда, Рамон или евентуално Шевкет ! Шала на страна од секогаш желба ми било Леонид , порано беше ретко и уникатно, а сега ме иритира тоа што нешто во шема е секој втор е Леон Лео...
Мене ми се допаѓа името Андреј како “поретко“ име во машкиот род во однос на имињата Мартин,Стефан и слични други чести убави имиња,а не ми се допаѓа многу името Антонио не го мразам ама не ми се допаѓа нема некоја поконкретна причина.За женско Марина ,имево е преубаво . Ама да рано е за да бирам имиња за моите деца.
Убаво женско име ми е Сораја ...Знам дека потсетува на онаа голана тетка ама името ми е многу убаво А за машко - Доменик .
Мила. Самото име потсетува на нешто мило и невино, а плус нема кратенка. Во овој случај, ќеф ми е што нема, (мразам кратенки) па ај сега нека и' го кратат де, хаааааааа. и Мартин, затоа што ... Не знам, некако имињата на М ептен ми се при срце.
машки имиња-АНДОН, АНТОНИЈ, ГРИГОРИЈ, ТЕОДОР,ЈАКОВ, ЈОСИФ,ПАВЕЛ женски имиња-ДАРИЈА, АНТОНИЈА, ИСИДОРА, ЕЛЕОНОРА, ЈОАНА, ИВОНА, АНАСТАСИЈА,МАТИЈА, ТЕОНА, АНДРЕА,КИТИЦА