И мене Калина највеќе ми се допаѓа, но маж ми ме разубедува дека ако одиме во странство името немало да и одговара многу, подобро да сме и ставеле интернационално име.
Сите 3 имиња се чести во последните години ама небитно тоа. Калина мене лично не ми се свиѓа, а ако идете во странство Јана ќе ти ја викаат Џана Мене Ема ми е најубаво, Емили евентуално ако сакаш да смениш малку. Дајте некој предлог за машко име само да не се овие популарните сега. Игнат ми остана неостварена желба ама сите ми го хејтаат, Филип ми се врти во глава одамна го немам слушнато, Петар исто ми е убаво ама отпаѓа имам ептен близок и не знаааам веќе Ако искочи женско па нема да можам да се одлучам, долга ми е листата.
Преубави се сите три. Да не беше внук ми Калин, ќе беше Калина . Јана е прееееечесто, иако ми е омилено име, веднаш ја исфрлив од листата. Ема ми е и мене во топ 3. Како се одлучува за име Кога ми кажа матичната машко, реков Ведран, готово. А после “беља” -женско . Имиња преубави еден куп. Па склопуваш по презиме. Па си замислуваш како ја викаш по име Маж не помага, остава на мене. Изгледа ќе го “лупнам” на пораѓај Ирис, Галена, Аника, Меги, Ема , Ања А да направам комбинација од две Се зезам Сестра ми само што им кажаа женско е одма си избраа име и не ни гледаат веќе, а 4ти месец е. Е тоа е карактер
Гледај нешто и со името на синко да "оди". А не е лошо и презимето наше да го имаш у обзир Се шалам знаеш. Ема ми е страшно убаво. Само ним бабите ЕмЕ да ја викаат
Од овие, Филип. Други: Влатко, Дамјан, Емил, Златко, Огнен, Томислав(или поретката и пократката форма Томи).
Мене во последно убави машки имиња ми се Томи, Хари и Дени. Дојдов да ги споделам можда ќе му се најдат на некого, не дека измислив непостоечки имиња досега ама ајде