Дури не ми се верува колку пати си го прочитав името во темава Мајка ми сакала кратко име, Ема Си го сакам името многу, и на кирилица и на латиница исто се пишува Ќерка ми се вика Виолета и никој така не ја вика, сите ја викаат Вики Други женски имиња што ни се свиѓаа со мм беа Меглена, Калиа, Лана, Софија, Маргарита Машки имиња: Стефан, Ведран, Дамјан, Лазар, Максим
Здраво девојки, не можеме да се одлучиме веќе подолг период, па сакам да слушнам повеќе мислења: Теодор, Тадеј, Исак или Ведран?
И Ведран е многу често.Ама баш е слатко, асоцира на насмеано детенце @Versatile_V само не Тадеј. Теодор ама ќе го викаат Тео
Здраво девојки Кои од овие имиња за девојче ви се најубави, не можеме да одлучиме Андреа, Искра, Катја, Елеонора, Илијана, Иларија, Сара. Исто така добредојдени се предлози, фала!