Ели, уште ли не сте одлучиле? Кај нас нема промени, прашувам јас повремено, ама не, името е тоа. Јас знам за Лара, знам и за Лана, не се чести имиња. Убави се. Пушти му на синко некој цртан со име кое ти е убаво или на YouTube од оние децата кои се снимаат и ќе се предомисли Ние како, YouTube се погрижи за нашето име.
Илијана и Иларија ❤❤ и другите се убави само мислам дека се пречести. @eli25 и Лана е убаво, само мене некако повеќе ми се свиѓа Лара, барем познавам едно 5 дечиња на улица со име Лара.. И за нашата предлог беше Лара, ама на крај мама одлучи принцезата да се вика Меглена ❤❤
Не. Кошмар ми е , неколку ми се допаѓаат и на крај си викам некој компромис да направам со Лана ако не …. Само јас не познавам Лара ниедно
Лара имаш хрватска серија, не ти текнува ли? Изборот на Лара. Јас гласам за Лана. И Меглена колку ми е убаво име. Исто Галена, Ирина, Дина. Ирина ми е непребол значи.
Мене ми е убаво Лара. Ако не можете да се одлучите ,напишете на ливчиња и синко нека извлече едно,ние така направивме за второто и бидна Ирина мојата желба
И мене Лара ми е поубаво.Тетка ми беше Лаура,внуката Лара.Чести се во Хрвтаска Лара и Лана. И Ема е убаво.Последни две бебенциња што ги знам се викаат Кјара и Маша.
Се ближи времето па редно е да се одлучиме за име за синко. Изборот би бил меѓу Јохан, Јан, Ијан и Симеон ( и големи шанси да го викаат Симе, што најмногу ме предомислува)
Симеон или Симон можи. Мене ми е преубаво. Не мора да значи дека Симе ќе го викаат, јас знам двајца еднот го викаат Симеон, а другиот Симе, ама па разликата е што овај вториот така и дома си го викаат па можи од таму дошло. На второ место Јохан, а Јан и Ијан не ми се допаѓаат.
И јас сум за Сим(е)он. Моето е Симон, сега за сега никој не го вика Симе, а и понатаму нема да дозволам така да го викаат.
И моето се вика Симон најубавото именце Досега никој не му дал прекар, ама и нема да дозволам некој да му каже Симе