Искра и Огнена/Ведрана Аника и Алексија Мелани и Матеа Андреа и Матеа Катја и Надја Дарја и Надја Антонија и Анастасија/Алексија Леона и Теона Миа и Теа Веда и Неда
ќе се самоцитирам, ми текна уште некоја идеа Тијана и Талија Доротеа и Исидора Исидора и Теодора Инес и Срна
Што мислите за име за девојче Една? Имам син од една година, а маж ми веќе една година збори дека ако наредното е девојче, дека ќе се вика Една
Не сакам да навредам никого, но такви имиња ни на кучињата не ставаме ние. Кажи му на маж ти нека не измислува нови имиња имајќи еден куп човечки имиња. Не за друго, туку да не го исмеваат девојчето како што рече cresa-jagoda.
Не е ново име.Старо, хебрејско име е што значи задоволство. Се користи во англиските подрачја, но во денешно време не толку.Популарноста му опаднала уште во 90-те.
Баш навреди. И името не е измислено . И ако ја исмевале јака работа. Исмеваат за се и сешто, та за име.
Секако дека може да не е ново, по турските серии какви имиња сѐ сум слушнала за прв пат... Ама во Македонија е ново име зашто не верувам дека некој од нашиве се вика Една. Кога е Хебрејско име, нека ставаат имиња Една на девојчињата во Израел. Во овој менталитет, знаеш како ќе биде прифатено таквото име. Мене ништо не ми менува.
Не се согласувам. Ако може да ги крстат по име на животни како на пр.Бела што за мене име за куче не за дете зошто не би можело Една. Мене лично ми се допаѓа. Македонскиот актер стана татко по втор пат - За Се https://zase.mk/article/400202/makedonskiot-akter-stana-tatko-po-vtor-pat
Јас си дадов свое мислење на членката што побара, па нејзино е да одлучи како ќе си го крсти детето. Мене лично не ми се допаѓа ни Бела, ни Една, освен ако луѓето што го носат тоа име не е често во државата каде што живеат.
Не сфаќам што е со таквите имиња? Една? Една на мајка и татко? Една е нормално. Бела? Бело е девојчето? Бело бебе? Мила... Мила па Име ли е Мила? Нормално дека е мила, најмила. Од мила најмила е суперлатив ај најмила да ја крстиме ... Не знам Не ми е јасно навистина...
Една го знам името од филмот Клон со Жаде и Лукас. На друго место не сум го слушнала. Искрено мене не ми се допаѓа зошто во македонскиот јазик една е збор како на пр една и единствена. И за име смешно изгледа.
Погоре пишав за Една дека е странско. И Бела е. Една и мене не ми се допаѓа, ама не се изразив како членката. Наше е само да дадеме мислење за имиња и предлози.Не можеме и не смееме да се мешаме кај што не ни е место. Ете, мене не ми се допаѓа ни името Меглена оти има прелошо значење(ветар и магла).Ама, на некоја ѝ е убаво. Различни луѓе имаат различни вкусови.
Идеално, најидеално би било да го почитуваме сечиј избор и никој никогаш да не исмеваме нечие име. Но, реалноста е дека децата дури се мали прават шали на сметка на дете со необично или старско име и да го знаеш тој факт и свесно да му ставиш такво име, ми нема смисла. И не е секогаш до воспитување, едноставно колку и да го воспитуваш и никогаш да не искоментираш пред детето, децата се под влијание и на други фактори, одат во градинка, во школо и чудни им се работи што се ретки и прават шеги на ретки имиња. Ај да е нешто што не можеш да го избегнеш, секако дека ќе го учиш детето да го прифати и да го сака, ама имиња има милион и секоја генерација си има свои, зошто да му ставиш име што не се користи веќе 70 години. Сум видела бебиња крстени Спасе и Крсте. Редење трн во здрава нога. Не за џабе во некои држави има листа на имиња кои се забранети и во матично не ти го заверуваат детето ако им одиш со тоа име.