Син се вика Матео, Бејби намбр 2 ако е пак машко син го крсти од одма Марио, нормално по Супер Марио, а ако е женско мама му шепна да се вика Јаника, по омиленото име на татко ми Јан. Мислам дека немам пишано, ако сум пишала простевајте, оваа бременост се заборавам и многу сум отупавела
Јас знам девојче што се вика Арна и баш ми е слатко. Една ме потсеќа на ликот од the incredibles цртанот и искрено, ептен ми е симпатично.
Мене лично ми се допаѓа името многу. Уникатно, ретко и старо. Дури и повеќе од женски имиња што се вртат години уназад.
Ај девојки предлози за машко име. Вртам низ темава ама не ми паѓа на око некое, инаку сакам помодерно име. Не некое што се повторува на секое второ бебе. Фала
И јас се уште не можам да смислам т.е. смислувам ама на маж ми ништо не му се свиѓа. Последно му реков Мартино ама му било италијанско Не ми ги сака Игнат, Тино, Калин, Димитри, Петар.
Тино ми беше во топ 5 кога мислев имиња за моето пред да го знам полот. Уште одамна го сакав тоа име пред 20 години некаде. И Димитри ми е многу убаво.
Многу се мислам за машко име,фаворит ми е Ален,ама син на прва братучеда се вика Ален (несме блиски не контактираме ама некако незнам) ми се свиѓа и Матео,Матеј,Жан, Тадеј и Олег. Првото синче ми се вика Емил, второто Лео.
И јас познавам Ален, ретко име е, ама ете има по некој така што е крстен. Од имињава во последно време приметувам Тадеј често го бираат, на прво слушање ми беше чудно како Теди така некако ми звучеше, ама сега ми се допаѓа. За машки имиња Андреј ми е убаво, од твоиве Тадеј и Олег ми се највпечатливи.