Шо вака подмукло, што не цитираш? Свашта Ич поентата не е дали ќе му дадам јас Елена или она Ален, друго беше поентата. @Cosmi ама ова е за Алан, не Ален
Да ,овој примеров е со Алан. Ама Ален било варијанта на Алан и затоа се ставало кај муслиманите. Ама се е измешано. И со Хана е исто. Сара. Се имињава грчко ,руско или арапско потекло имале. Добро бар сега југословенските ги нема. Слободан,Југослав….
Мене Ана ми е едно од најубавите женски имиња и секоја варијација ми се свиѓа. Според табелата погоре голем дел од популарните имиња содржат 'ана' така да до негде и досадно станува.
Од толкаво помодарство и желба за странци да бидеме дојде време во кое си модерен ако се викаш Федор или Хана, а старомоден ако си Драган, Драгана, Душица, Душко. Како може да не си го сакаме толку македонскиот идентитет?
Немам против некое име. И личен избор е името. Јас не би ставила Ален на мое дете. Застапено е кај муслиманите. Не дека имам нешто против муслимани или против името Ален, туку тоа е лична желба.
А шо беше поентата златна? Обратен пример ти дадов само. Златно муслиманче оти да нема исто име со христијанче?
Па Олег е руско, Иван е руско, Тања, Вања се руски, како и еден куп други.Тие што крстат деца Ијан, Јан, Мишел, какви се? Ален било муслиманско абе ајде... Галена какво име е, алексеј, анакиј, лукијан да не не се опен мајнд тие? И Касија??? Миона??? Па Ален мене стопати поубаво и понормално ми звучи.
Ален Делон, француски актер. Ален Славица, хрватски пејач. Не знам зошто велите дека само кај Муслиманите го име тоа име.
А што мора да е македонско демек Стефан, Мартин, Александар ние ги измисливме. На некои луѓе им се досадни овие имиња, со самото тоа и не им се свиѓаат. Ок е да се насмееме и да си кажеме ми се допаѓа/не ми се допаѓа ама толку ругање за личен избор, аман.
Бидејќи мојот коментар беше причина за низата коментари што следеа. Сакам да додадам уште нешто. Ако го прочитате мојот првичен коментар ќе видите дека членката @macalavica побара мислење јас си пишав свое мислење и зошто е тоа така, и не знам колку пати потенцирав дека сепак се работи за нејзино дете и таа ќе си одлучи кое име ќе го стави. Ниту ја навредив ниту ми беше тоа намера. Потоа следуваа недолични и навредливи коментари. А форумов не е за тоа. И општо не само на форумпв, навредите зборуваат за карактерот на човекот И Никаде не го ругам ничив личен избор. Ние не зборевме конкретно за македонски имиња туку за христијански и муслимански. Сепак руските имиња се христијански.
Баш така, и мене ми се досадни некои имиња, и тоа веќе да се зачувал македонскиоооооооот идентитет, преку глава ми е дојден муабетот. Ај македонскиот идентитет да го зачуваме и да си ги крстиме децата Спасе и Цена. Свашта. Секоја генерација свои имиња и оваа генерација се повеќе ги применува помодерните и поинтернациналните имиња. Хана не одело со македонско презиме, ама Јана и Ана оделе. Божем голема разлика има од Хана до Јана Сто пати подобро Хана одколку Славица. Не можам никако да сфатам луѓе што му ставаат престаро име на детето само за да било традиционално, а знаеш веќе дека не се користи тоа име со години и свесно го подложуваш детето на зафрканции. Какви имиња има традиционални, а безвременски, зарем едно не можеш да најдеш
Ниту Јана, ниту Ана ми се нешто посебно, но да, подобро одат на Балканот отколку Хана која мене ме асоцира повеќе на муслиманско име. Не мора Спасе ама подобро да е Петар Аневски, Петар Иванов, Петар Илиќ отколку Федор Илиќ, Захариј Аневски или Хана Алексовска наместо Калина Алексовска. Подобро звучи вака на Балканот. Сакате вреѓајте се, сакате не се вреѓајте, форумов е за да си искажам лично мислење. Македонци сме/сте, Балканци, каде и да одите тоа ќе бидете. Сите си го негуваат идентитетот, само кај нас не си го сакаме нашето, а туѓото е убаво. Нашите имиња биле досадни, странските биле убави. Ајде и презимињата тогаш да си ги смениме, што ќе ни е македонско презиме. После се чудиме зошто Грците и Бугарите ни се смеат и не не признаваат. Кога ние си патиме од предавништво со самиот наш народ.
Ќерка ми има баш ретко име, но не странско. Син ми има претежно често име во неговата генерација, но му беше омилено на мм и нејќев да му кршам мерак. Инаку е мн убаво име, но јас некако бев за нешто поуникатно. Сега од овој аспект, баш ми е мило што се согласив затоа што баш му стои Некогаш не треба по секоја цена да се цели кон уникатност и различност... Сепак секој со свој вкус...
Кои се тие СИТЕ што го негуваат своето, а само ние не си го сакаме? Што поконзервативна и неразвиена е земјата тоа повеќе се гордее со својата националност ко да е некој успех. На луѓе од развиени и понапредни држави не им е секој втор муабет Јас сум горд балканец, така што има луѓе на кои ич не им е гајле за фактот дека се балканци, пошто успеси се достигнувања што сам ги постигнуваш, а не е ништо за гордеење местото кај што си се родил. Тие имиња што ги нарекуваш Наши, не се воопшто наши, само се користат многу долго и мислиме дека се наши. И Хана после 30-40 години ќе изгледа ко да е наше. Јас имам име што се смета за апла македонско, па потеклото нема врска со Македонија ама ич. Петар има и во Америка и во Австралија и низ Европа, во Русија, во Азија, баш Петар што го имаш дадено ко пример е едно од најинтернационалните имиња што постојат. За секоја работа секаде во светот, не само кај нас, цело време има промени. Се променуваат имињата, се променува стилот на облекување, се променува стилот на шминкање, на фризури, на музика, на архитектура, и промената е нешто најнормално и неизбежно. И стааално има луѓе што неможат никако да се помират и да ги прежалат минатите стилови и цело време зборат колку било порано поубаво. Прилагодување треба на промените. Секаде промени се случуваат и за мене ставање на старовремско име на детето само пошто родителот не може да прифати дека светот постојано се менува, ми е неферски кон детето. Подобро име што е популарно низ генерацијата на тоа дете, па колку и да е странско, не го двоиш едноставно, одколку име што го носела прабабата, ама во генерацијата на детето само бабите се викаат така.
Леле да, не добивме влез во Европска унија затоа што овие родителиве предавници си ги крстуваат децата Хана.