Секако дека ќе се гордеам со местото од каде доаѓам и со мојата националност. Тоа е дел од мојот идентитет, како и моите презиме, моето име, кои сакам да соодвествуваат со местото од каде доаѓам. Петар е руско име, ние сме Словенски народи и руските имиња кои се христијански ни одговараат. Нашето потекло е од тука, овие имиња се наши, тие што се од Балканот, од Словенските народи. Не ги сакате Цена и Спасе кои се целосно македонски, никој не ни е крив што повеќе сме ги сакале имињата на нашите соседи. Но, имаме исто потекло со нив и подобро е такви имиња. Муслиманите на пример си ги негуваат нивните имиња, немам ништо против нив, баш ги почитувам за тоа. Не мислам дека се заостанати и неразвиени народи, па затоа си го почитуваат своето. Си имаат нивни имиња, си имаат обичаи и си ги негуваат. Тоа е правилно. Само ние сме биле заостанати ако сакаме имиња што се дел од нашето потекло, историја и традиција.
А што ако на пример не сум верник, ниту муслиман ниту православен? Помина времето кога така се делеа имињата, прифатете дека се менува се. А да, цело време читам "христијански имиња" - и католичките имиња спаѓаат тука, христијанство не е само православие.
Подобро Федор отколку Трајче. Име како име не ми се допаѓа, ама Трајче и Ристе? Хана ми делува како име кое го има често во Хрватска. И преубаво име е.
Сите имоња се убави тоа е сепак избор на родителот и Ален е убаво да застапено е повеќе кај муслиманите како и Денис и кај нас и кај турците муслимани, за албамци незнам дали имаат некој со име Денис, знам кај турците е повеќе застапено ❤
Дали би си го крстила синот Спасе и ќерка Трајанка? Скрос се македонски ете, би си ги крстила? Ама искрена биди, не мораш ни да ми одговараш. Националноста и такви слични работи не можат никако да ми се побитни од среќата на детето која ја загрозувам ако му ставам име што неговата генерација не го користи веќе 50 години. Во секој случај кога ќе кажеш дека детето ти се вика Теона или Матео луѓето велат - Леле преубаво именце, а ако кажеш Спасе, ќе те прашаат дали свекорот инсистирал да му се поднови името, епа ако ги доживееш двете реакции и не ти е сеедно, замисли како ќе му е на детето.
Ко шо нема да ги ставам овие исто нема да ставам Хана. Ни Ален. Ни Алексеј. Ни Федор. Ама затоа ќе ставам Стефан, Марко, Филип итн...
Би ги крстила. Сестра ми е млада, 22 години и има прекрасно име по баба ми. Никогаш не и било срам од името, прекрасно име кое одговара со нејзиното презиме. Благица се вика, дали моите биле ненормални што така ја крстиле? Не сум многу постара од неа, само 3 години, во моја генерација имав во школо и Стојан, Душица, Драгана. Имав и Петар, Христијан, Ангел, Ивана. Каде се изгубија сега и овие имиња, што можеби се малку помодерни од Стојан еве? Ивана и Ангел одамна не сум ги слушнала. Се изгубија некаде со Хана и Федор изгледа.
Јас знам неколку Благици што имаат по 20+ години така што за тие генерации не е необично име. Сега немам сретнато бебе што се вика Благица нитy Трајанка.
За Спасе и Трајка незнам ама еве ќерка ми која утре прави 40 дена ја крстивме Меглена кое по некоја случајност дознав дека сестра на мој прадедо се викала така....
Не е муабетот дали модерно, интернационално, македонско, православно итн. Муабетот е што ти се допаѓа, како не разбирате. Благица не ми се свиѓа ете, никогаш не би крстела така дете, Душица и Петар ми се убави. На овие помодарите што им се пуштате цело време не им е гајле какво е името, важно им е да е убаво за нив. Сериозно ли се уште со муабетот да негуваме нешто македонско, како не ви се смачи од се во државава, па да глумиме заљубени во татковината.
Реално покрај некои типични имиња, секаде се користат само верзии истите имиња. Ален е претежно муслиманска верзија. Ако на некој му се свиѓа ок е, ако не му се свиѓа пак е ок. Мене ич не ми се свиѓа на пример ама гајле ми е ако некој така одбере да крсти дете. Хана е еврејско. Во Македонија повеќето имиња покрај од словенско, се од грчко, латинско и еврејско потекло. Треба да научите да не го дрвите за нечив друг избор за името на неговото дете само затоа што вие имате поинаква престава како нешто треба да изгледа. Многу ми е гајле дали ќе изберете “постаринско” или “помодерно”, треба да научите да го почитувате туѓиот избор. Пошто ако вака коментирате и се потсмевате само ќе израснете деца кои потоа ќе вршат булинг на другарчињата оти името не им се допаѓало. Опрајте се. Името на децата на другите не е ваша работа.
Роднини неодамна си го крстија синот Стево. За нив има големо значење, да не пишувам на јавен форум, но не е толку чудно ни тоа замисли. И звучи многу поубаво од денешните имиња што се во мода.
Еве ви пак.Варијанта на Алан е. Џабе се расправате. Да кажам пример за женското име Ада.Можеби на некои од вас попрво ќе ви текне „еј муслиманско и турско е“, ама и во христијанството се дава.Во англиско-германските и други христијански подрачја е име изведено од прекар од подолги имиња што значат благородност, а турското значење е остров. И во темава наше е само да кажеме ако знаеме потекло и значења на имиња и предлози.Немаме право да се мешаме во изборот на другите.Та Вангеле и Вангелија, та Миа, та Спасе(н) и Спасена, та Хана кој/а кое сака нека си го одбере за своето дете. И мене не ми се допаѓаат некои од имињата кои им се допаѓаат на други членки, ама само за мене лично можам да кажам дека не ми се допаѓаат.Не се мешам во туѓ избор.
Ама сите тие се популарни сеуште и нема зошто да не. Стефан, Марко се далеку покористени од Трајанка. А децата не прават булинг само ако родител искоментира пред нив, детето е под влијание и на други фактори кога ќе излезе од дома и се што на децата им е ретко и необично, го ставаат во фокус. Потенцијален проблем што може да се избегне треба да се избегне.
Вие ќе ги учите децата да се смеат на тие изгледа што ќе немаат Лео и Хана имиња, а ќе бидат Спасе и Трајанка. Никогаш не сум се смеела на ничиво име, само многу ми е чудна оваа мода на странски имиња кои се несвојствени за тука и желбата за пуста различност од другите. Тоа се комплекси на родителите, да бидат децата уникатни. Снегулки од раѓање. Детето мора да е најуникатно и да се двои од сите. Името да не било пречесто, да не било како на комшијата, во Македонија под 5 луѓе да го поседувале тоа име. Глупаво е и од ваша страна што на македонски форум пишувате за нашите имиња колку се глупави, досадни и неинтересни, а 80% од луѓето во оваа држава ги носат тие имиња. Живеете во Македонија, не живеете во Австралија, па да ви се чудни и смешни нашите имиња. Не сте слушнале бебе така да се вика денеска. Не знам кај живеете тогаш, мрднати се родителите ако си го крстат во 2022 година детето Драган, а не Федор. Дури и да сте преселени, освен ако не сте омажени со странец, пак децата ви имаат македонски презимиња и македонски идентитет. Бегајте и кријте се колку сакате од тој факт, не можете. Дури и да го крстите детето Хари, пак ќе биде Хари Бошевски, а не Хари Дејвидсон. Немам цел ден да се објаснувам на форум, крстете си ги како сакате децата. Но, не се бунете после кога ќе ни го земат идентитетот и ќе го негираат постоењето на Македонија. Со сите овие имиња нашиот идентитет полека се губи. Посреќни ќе сте ако ви пишува дека сте Бугари? Захариј тогаш поубаво ќе одговара можеби.
Да, децата не праат булинг само од коментари на родителите, ама и родителите ако вака си пришлакуваат без осет за работи што не се нивна работа, нит ќе им дадат добар пример на децата, уште помалку ќе ги научат нешто паметно. И ова не се однесува само на коментирање имиња, туку за се. Родителот мора да има граница, за да може да го контролира или во најмала рака да знае како да се постави кога детето ќе биде под други влијанија, во спротивно само ќе си коментираат заедно.
Епа затоа не треба ни Трајче а ни Федор зошто ќе го отепаат од зафаркавање. Јас лично за ниедно име се немам зезано ама знаеме во каква околина живееме. И ги има многу што ќе прават сеир. Сепак на крајот се сведува на тоа дека секој си има свој вкус и свој избор. И јас повеќе ги сакам помодерните имиња. Ама во некоја граница да не се претера во уникатноста. Интернационални ама што се користат и тука. Да не биде сега Џесика или Џон. Секоја генерација си има свои имиња. Во времето на баба ми се ставало име Стојна сега не верувам дека некој би ставил такво име. Иако има некои имиња што се стари но за мене лично се безвременски и ми се допаѓаат многу. Пример Ангел, Бисера, Калина и сл.
И мене ми е убаво. Ама нема шанса да ставам толку досадно име на дете. Подосадни од Алексеј ( а исто убави имиња ), се Давид и Дамјан.
Јас сум најголема немајка пошто ептен досадно и често име и ставив на ќерка ми Место да ја крстам Јанна или Јаана или некоја друга помодерна варијанта, јас безидејна каква што сум, Јана ја крстив