И Михаил, Ведран, а Теодор па секое второ дете е. Сега е овој бран имиња, за брзо ќе дојдат нови, па трети.
Не треба, и јас исто мислам. Едноставно редење имиња што се користат во генерацијата. Претерување има и со старовремски и со премодерни, непотребно оддвојување на детето од другите. Ни јас никогаш не сум направила зезанција со име ниту сум искоментирала пред дете, ама реално децата се закачуваат на ретки и необични работи па ти можеш да го учиш после дека не треба така, ама зошто па баш моето дете да е инспирација за лекции на другите деца. Да е нешто со кое се раѓа или го добива низ животот, тоа е друго. Ама при милијарда имиња
Преубаво име. Не мора да се крсти детето Рајан за да биде 'уникатно'. Па досадно е и секое второ да се вика Јана, Ана .. Ако некое дете се исмева со името на друго дете а има некое значење, сентименталност за родителите, тоа доста зборува за родителите и како си го воспитале. И не знам како е за потсмевање Стојна да крстиш дете по бабата ама Леа е модерно (да не зборам кој добива вакво име тука, не би сакала да навредам никој оти друга ми е поентата).
Муслиманско или досадно? Секоја генерација си има актуелни имиња. По некое време стануваат чести и досадни. Па доаѓа нова модерна тура имиња.
Имињата се личен избор и тој треба да се почитува. Ние може само да си кажаме мислење, дали ни се допаѓа или не. И од модерните имиња има убави и од традиционалните. Син ми има на пример име од дедо му, јас не познавам друго дете од неговата генерација со тоа име. Не е старинско, не е толку лошо, ама има посебно значење. Ќерката ќе има прилично модерно име, кое одговара и со потеклото и презимето. Името го одбра син ми. Наша одлука е, наш избор. Не ни очекувам на секој да им се допаднат имињата на моите деца. Единствено можам да изреагирам да е муслиманско или да искоментирам нели. Ален е. Ама ако некој нема проблем со тоа, ок е. Јас имам и не би ставила муслиманско име. Хана ми е убаво на пример.
Мојата ќерка е Татјана, 6 месеци има, баш кога ја носам негде коментираат дека е чудно за оваа генерација името
Мое скромно мислење Што се аздисува со имињата се аздисува. Најчесто тоа е од желбата на родителите да му се даде некоја оригиналност на бебче а со тоа и да отстапува од другите деца со својата посебност. Но тоа е секако сопствен избор. На неколку години се пуштаат десеттина имиња кои би требало да бидат оригинални а всушност цел еден влез на деца се викаат така. Јас кога бирав име ми беше важно само да не ми биде срам кога ќе се развикам по неа во парк на пример. Ми се свиѓаа некои и од савремениве но и ултра хард кор македонски. Но слушајќи една преубава песна од Балашевиќ решивме да и дадеме регуларно име Оливера Матичарот кога ја запишувал толку се израдувал на името пошто не го запишал со години што се јавил на жена му имењачка да и каже.
И мене некои традиционални имиња ми се допаѓаат. Пример се преубави Калина и Дениција ама ако имам ќерка би се двоумела помеѓу Катја и Вероника. Затоа Благица и Цвета не ми се убави ни малку. Кога се бира име треба да се мисли малку.
Имам на инста една што детето си го крсти Трајан. Тука на форумот има и Дафина, Ѓорѓи. Па што? Голема работа ако се старомодни, штом е желба на родителите. Името не му тежи на детето. Децата не исмеваат, тоа возрасните го прават.
Да најчесто возрасните комплицираат,деца и ако е долго ке го скратат ,не гледаат на имињата како ние родителите. Заборавив да допишам уште едно име кое беше спомнато на темава и многу ми се допадна од охридско потекло, Зарина.
Како не. Децата учат од возрасните. Лично си го мразев името додека растев оти деца ми го исмеваа истото име што денеска е меѓу најпопуларните 10 во Македонија. Затоа возрасните треба да внимаваат што бастаат пред децата. Има еден куп имиња што не ми се допаѓаат било наши било странски, што ни под разно не би стаила на дете, ама сеа да земам да оправам оти некој решил Вук да го крсти синот ич не е моја работа што мислам околу тоа. Мене ми се смешни препуцавањава. Едните со вие сакате да сте уникатни, другиве биле старомодни. Абре името треба да ти се свиѓа тебе лично ич не е битно дал некој друг ќе најде логика во тоа или не. Не е битно дал е често или ретко, евентуално имињата си имаат свои времиња кога се вртат повеќе, идентитет не се чува со тоа што ќерка ми ќе ја крстам Благородна, за да ја крстам така треба да ми се свиѓа името. Исто нема да дадам модерно име само оти е модерно, туку треба и да ми се свиѓа. А од родителот се очекува да го научи детето дека исмевање по никој основ не е убаво, токму поради фактот што дете ко дете е под многу влијанија.
Замисли да бидеш толку окупирана со имиња . Насмеј се на модерните имиња и продолжи со животот, буквално е најнебитна тема и не е до толку длабоко за да ги мешаш Грците и Бугарите.
Мене името Ана, на пример, не ми е лошо ама не го менува фактот дека е премногу често. Јас имам често име ама си го сакам. Некои луѓе си сакаат поуникатни имиња за деца. Како сакате крстите си ги децата, ама мене далеку поубаво ми изгледа Џастин Стојковски отколку Трајан. Едноставно, не може едно бебенце Трајан да го кажам, така ми функционира мозокот. Ама секој за себе. Само немојте како баба ми Донка, скратено за Македонка, мене тоа ми е хит, на лош начин и не ви давам да сте толку патриоти.
Еве Александар е грчко име, да земат да се прекрстат за да бидат поголеми патриоти? Или овие што се викаат Давид и Даниел.... имињава се еврејски патем. Моето и на едниот родител се руски а еве Путин пустош праи.
Воопшто не е чудно, само ај. Луѓе, се чудат за сенешто. Муабетиве, омаловажување за име еј, за и м е.