Па зависи од мајндсетот Едит. Ако некогаш имам ќерка сакам да и дадам име, исто има река која поминува низ Хрватска и Босна. Од мала ми е желба тоа
Зависи и од обичаите и практиките на државата и народот. Никита е некаде машка, некаде женска форма, а кај трети унисекс. Некаде и Никола се смета за женска форма на името. А, пример од хрватските имиња, Борна е и машко и женско име. Кога ќе ви се допадне некое име, гуглајте му го значењето и таман и формите и варијантите ќе ги видите.
Моиве прабаба и прадедо исто и на маж ми имаа многу поубави имиња него ли баба ми ( дедо ми се викаше Јован убаво ми е) исто и баба му на маж има скратено име кое ич не ми се допаѓа, а дедо му имаше класично Раде. Прабабите биле: Кара, Даница, Јана.. Прадедовците: Константин, Петар, Александар и Војдан. За разлика од бабиве: Цвета, Петкана, Ацана....и имњава на нивните деца...Трајан, Ацо, Боро, Киро, Славе...Порано имале подобар вкус на имиња одколку сега..Моиве деца имаат класични ама безвременски имиња, кој и да одат во странство ќе можат да ги изговорат. Искрено мене не ми се допаѓа апла странско име со Македонско презиме имам братучед во Америка се вика Џими и има Македонско презиме исто и од страната на маж ми има така, многу глупаво ми звучи мене. Има многу интернационални имиња како пр: Александар, Петар, Даниел, Јаков, Мартин.. кој и во странство можат да се вклопат и со нашите презимиња.