Миа од секогаш ми било убаво име и е име што не е моментален хит како што е случајот со Анисија или пак Алесија последните години нешто зачестија. Инаку мене Аника ми е поубаво од Анисија.
Во Србија најчесто Матија за машко. Ми текна на жената со чаевите што беше Матија Пауновски, така мислам се викаше.
За женско имам многу имиња што ми се допаѓаат Веда, Катина, Дафина, Срна, Калина. Е за машки потешко ми оди, а ми се погодија и двете машки. Со син ми и маж ми се договориме за бебе што е во меше да смислиме име, ама услов е на сите тројца да ни се допаѓа и еве веќе 8ми месец сум а ние немаме име. Мене пример многу ми се доаѓа Руен го слушнав само еднаш и така убаво ми дојде и како добро стои со презимето, ама само што го спомнав категорично добив-нема шанси Ајде давајте идеи сакаме да е ем наше ем интернационално и не премногу често.
Марко, Мартин, Александар, Павел, Петар, Стефан, Никола, Лео, Теодор, Борис, Филип, Матеј, Андреј, Даниел, Лука, Јаков, Јан, Виктор
Лукијан- немав слушнато за имево ама толку ми се свиѓа, го најдов во наш верски календар. Кога ќе имам синче така ќе си го крстам
@Mateas, од тие што ги наброја, само Меланија и Матеа ми се допаѓаат. Ќе ви предложам женски имиња кои ми се многу убави. Февронија, Јована, Александра, Марта, Анастасија, Јулијанија (или скратено Јулија), Лукија, Антонија, Ефимија, Марина...
Февронија? Аронија,Боранија? Јулијанија? За Јулијана знам ама ова е дефинитивно нова мода, каква бре Јулијанија
А јас видов декорација за роденден со име Пенко Исто, дедото се викач Кире, сакал внукот така да се вика, ама мајката сменила и го крстиле Киријан. И Пелагија ми е во измишљотини на 21 век.