И мене многу имиња не ми се допаѓаат ама не превртувам очи и не пишувам на секој пост колку се грди имињата.
Eхеј на кажување на моето име колку во живо така се трескале па и коментари, ретко која од прва да го запамти. Ама јас со гордост си го носам и обожавам, не како личности кои ги познавам со уникатни и ретки имиња кои ги кратат и така се претставуваат и потпишуваат со надимаци па кога ќе слушнеш како точно со целосно име се викаат поима немаш дека е истата личност во прашање. Името, убавината на името е дискутабилна категорија и прашање на вкус, ама и негативни и позитивни реакции на моето или во иднина на моите деца не ме допреле, нема ни да ме допрат ни најмалку. Да сме здрави и живи само, а кој што сака нека си мисли, коментира и превртува очи, мава глава...приповраќа.
Син ми се вика Емил, за мене поубаво машко име нема. Сега носам уште едно синче, ке се вика Ален најверојатно
Сите верзии од името Емилија лично ми се допаѓаат. И Ема и Емили, се ми звучи океј. Ема ми е во едно од имињата што ми се свиѓа баш и ако имам ќерка во иднина можеби и би ја крстила така. Реално, нема имиња што не ни се свиѓаат, туку луѓе со тие имиња што не нервираат...
Така кога биравме име за ќерката и си кажувам јас што ми се свиѓа и доаѓам до едно име и добивам остар поглед од мм. Викам што му фали на името? "Така се викаше бивша ми, ме вараше со другарот" Окс. Извини
Син ми има уникатно име. Го избрав јас во договор со сопругот. За машки немам многу имиња на листа, а за женско ми се допаѓаат повеќе: Ирина, Лиана, Андреа и уште неколку. Моето име е многу кратко, во странство ме прашуваат дали е кратенка од друго име и погрешно го пишуваат. Ебате 4 букви се. Не сакам имиња со одредени букви затоа што во странство погрешно ги читаат: Другарка имам Благица, ја викаат Благика, Јована-Џована, Даријан-Дариџан, Софија-Софиџа, Марија-Мариџа, Димче не знаат како да го изговорат итн.
Ама па што има врска како ги изговараат во странство ако не живеете таму. Еве син ми ако се вика Илија не ми е важно што во Америка би го викале Илиџа, ако некогаш би се преселил ќе им каже на сите како му е изговорот на името . Мене па не ми се допаѓа на пр. МариА кога се знае дека во македонскиот јазик треба да стои Ј
Иван , Кирил , Константин , Војдан , Василиј .. Можеби би избрала некое од овие имиња да имав повеќе машки деца . Милош ( името на син ми ) ни беше прв избор и така си го завикавме ни не знаејќи дека е момче , затоа и така го крстивме . Јана , Ана , Ева , Ема , Лена .. Можеби некои варијации како Тати(ј)ана и Кристи(ј)ана , но повеќе сум за традиционалните Татјана и (Х)Кристина ..