Леле Бјанка од основно го немам слушнато. Убаво име. Исто Бојана, Бранка, Богдана имаше некое бебенце на форумов што исто ми се свиѓа
Бјанка е убаво име , исто и Борјана , Бојана , Барбара , Бела , Богдана , Бранкица ( сестра ми имаше школска другарка со вакво име , убаво звучи кога го изговара човек на глас ) ..
Preubavo ime bjanka mi se dopaga mnogu a bogdana mene licno voopsto ne mi se dopaga biljana mi e ok borjana isto
Не знаеме пол сеуште. И за име немаме некоја идеја односно се што ми се допаѓаше во минатото, сега ми е некако како не е тоа, тоа. За женско засега фаворит ни е Нина. На двајцата ни се допаѓа. За машко ќе видиме.
Ајде мајки хелп.. Неможиме да одбериме име а веќе терминот ми помина Машко кратко ама ретко и модерно име..давајте предлози.. Единствено убаво ми е Нико ама на мм не му е и немам идеа
Ретки не ми текнуваат, ама ќе пишам неколку што не искачаат од мода. Тео, Лео, Иван, Иво, Алек, Емил, Игор, Крсте, Лука, Павел, Павле, Влатко, Златко...