Каи, Киан, Ноа, Леон, Ноел од тие постранските. Петар, Филип,Давор,Јан,Адам,Теон,Симон,Дариан,Матео наши ама што не се кратат.
Зафир, Кузман, Војдан и Наум не се модерни ама како предлог вака малу да сум различна од другиве што даваат предлози.
Ние се мислиме за име. Баткото се вика Павел а за второво имаме неколку Димитар, Јаков, Давид. Ме интресира дали името Давид има именден и кога е. Нешто нејасно ми е кога пребарувам на интернет па вака некоја мамичка на која синчето и се вика Давид нека сподели
Има именден Давид ,сигурна сум,само не знам точно кога беше.Дека има со ќерка ми во одделение Давид па частеше знам детето за името.
Има многу имендени коишто луѓето не ги знаат и слават. Скоро секое име има и именден, ако погледнеш во календарот ќе видеш. Крсти си го Димитар, барем ќе знаеш дека има именден
@LiquidLuna @azelea @i13dk @forumce @kiki_riki @simplegirll фала ви девојки на споделеното мислење Овој пат маж ми бира име па се надевам ќе се убедиме околу тоа да има именден како баткото
Анисија, Ана, Миа или Мартија ... неможам да одлучам. Анисија го сакам од секогаш, преубаво ми е ама сега ми се вртат во глава и кратки имиња... може и друг предлог за кратко име