Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имиња за вашите деца

Дискусија во 'Бебе' започната од Bisera.Sk, 9 февруари 2010.

  1. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    933
    Допаѓања:
    5.100
    Од овие мене лично најубаво ми е Матео. Кирил 100% ќе ти го кратат Кире, Киро, Кирче :( а е преубаво име.
    Не знам кога ти е термин, можда на некој празник ќе се погоди, па денот ќе си го донесе името :inlove:
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    11.190
    Пол:
    Женски
    Братчево, го прашувам - како да го викаме бато? А тој почнува буквално да имитира викање :D
    Ради тоа што му велиме цело време не викај не викај и детево тоа значење го знае.
    Инаку, нема абер за име, сѐ уште не е свесен за нештата што се случуваат. А му зборувам на разбирлив начин за бебињата. Полека ќе сфати. :angel:

    Битно имам неколку во игра, до пред некое време ептен никое не ми запнуваше за уво. Сега бар присакувам неколку.

    Фала ви на сите за мислењата. :l:
     
    На mal.ecka и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Ѕвездан или Матео :inlove:
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.753
    Пол:
    Женски
    Што е трагичното ако Кирил го викаат Кире? :^)
     
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.281
    Допаѓања:
    170.358
    Пол:
    Женски
    Не е страшно Кире ако го викаат :)
    Моите мака мачеа дур "средија" брат ми да Не го викаат Кирчо:(
    Сега ретко кој го вика Кирил, сите Кире си го викаме .
    Баш ми е жал што не го ословуваат/ме со Кирил
     
    На MeowMeow, mal.ecka, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    834
    Кирил најомилено од наведените. Многу убаво име со моќно значење, ми звучи како име за некој со јак став и господин човек.
     
    На Madam S, elenaklasik и eli25 им се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.944
    Допаѓања:
    123.520
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stormii

    Stormii Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2022
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски
    Леле сигурно ќе се навреди одма некој ама не можам да преќутам и да ве тапшам лажно по рамо, а во себе друго да мислам.
    Дај не им отежнувајте живот на децата, толкав избор на имиња има, вие Кирил од времето на Тито и Ѕвездан за да не може правилно ни да му се изговори името, а и звучи многу чудно името, не е убаво.
    Што му фали на нормално име како Матео, пречесто било. Немојте децата сноуфлејкс со чудни имиња од раѓање да ги правите, после името да си го мразат, да го кратат, да имаат проблеми. Кај ви текнува такви чудни букви да им вметнувате, мало дете додека научи Ѕ да каже, сто години ќе поминат додека убаво го изговори Ѕвездан името.
    Не мора толку да се пати од комплекс уникатност (зборам за тие што напнуваат со муабетот пречести имиња). Не живеете сами на планина, живеете во општество полно со луѓе. Не му отежнувајте живот во околина на детето, нека биде полесно прифатено со нешто понормално.
     
    На baby-star, Elenpelen, mariz и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    А ги заболе родителите што ти мислиш за името на нивните деца. Од ваквите како тебе има деца што се срамат од имињата, а имат толку убави, ретки и нормални имиња, па и старински нека се, убави се. Матео не е име за наше поднебје на пример, ама некој ако сака така да си го крсти детето, негова работа. Не е моја или твоја, и нема зошто да им судиме и да се смееме оти имале не знам какво име.
     
    На Sparky.99, Luminary, butterfly6223 и 22 други им се допаѓа ова.
  10. Stormii

    Stormii Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2022
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски
    Другарски си кажав мислење на тоа што пола го мислат, а ќутат. Вашето е поцинично што од култура ги лажете и храбрите вака да ги крстат децата.
    Не сум се смеела на никој, но во средново школо гледам за што се деца може да се мета на потсмев, па сигурно детето нема да го крстам така и да му направам проблем од раѓање уште.
    Правете си ги децата посебни снегулки што да ви кажам. Знаев дека некој вака ќе глуми паметен, но искрено не ми е гајле, барем мирно ќе спиам знаејќи дека не сум излажала некого за да глумам либерална и фина на анонимен форум.
     
    На penelope10 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.330
    Пол:
    Женски
    Кирил и Sвездан се безвременски имиња, додека Матео е трендовско ;)
     
    На Ano и LazaLaza им се допаѓа ова.
  12. Stormii

    Stormii Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2022
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски
    Кирил како за 50 годишен чичко, Ѕвездан не ни познавам, којзнае од каде се копаат имињава. Ни Матео не ми е нешто посебно, но према наведените е најдобар избор во случајов за млад човек и бебе родено во 2022/3 година.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.330
    Пол:
    Женски
    Оууукеееј (highfive) Штом ти не познаваш, значи дека нема. Исто така штом тебе Кирил ти е за дедо, ондак никако на дете да не се стаи ;)
    Безврска муабети зборите.
     
    На Oneo, Bitter-Sweet, Tiny Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.944
    Допаѓања:
    123.520
    Деца се смеат за се и сешто, а штом дошло ред и за имиња, родителите нека се позанимаваат да ги превоспитаат.
     
    На ane.bella, mona2022, Mimimum и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Stormii

    Stormii Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2022
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски
    Не смее никој поразлично да мисли од вас, вашето е најпаметно? Да, за чичко и дедо е името, толкав избор на имиња, ајде имињата од времето на 1 светска војна да ги вратиме. Сигурно и голем број од вие мајките и татковците што сте 25-40 не се викате веќе Трајанка, Грозданка, Стојанка, Душица, Стојан, Драган, Душко, тогаш зошто на децата да им се даваат такви имиња.
    Што мора да се двоиш од општеството? Ете ти сакаш да си уникатна снегулка со чудно име, а другите 90% во општеството исто како мене ќе мислат. Некои нема гласно да кажеме на детето, но некои ќе кажат и ќе му се смеат. Тоа е муабетот, не живеете сами на планина па и Пастирчо ако сакате да се крстите и на никој да не му смета, живеете во општество каде со многу луѓе ќе се запознавате и среќавате и такви чудни имиња само отежнуваат живот.
    Правете што сакате, на мајката и кажував мислење, не на вас што глумите дрвени адвокати. Да беа сите искрени и реални, поубав ќе беше светот.
     
    На Bubble91, Just.do.it и Radler им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.330
    Пол:
    Женски
    Има нешто што се вика вкус. И за истото не се дискутира (highfive)
     
    На Madam S му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Па добро и во право си и не си.
    Не е исто Кирил со Трендафилко, старо и смешно не е исто.
     
    На MeowMeow, Elenpelen и Angie1432 им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.330
    Пол:
    Женски
    Од дома учат децата. Штом родителите се потсмеваат и детето ќе се потсмева.
    Жално за што ја трошат енергијата одредени персони :(
     
    На mona2022, MeowMeow, Oneo и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Stormii

    Stormii Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2022
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски
    А тој лош вкус може многу да ви го кошта детето, зошто морало да е посебно и да биде Ѕвездан само тој во цело школо, да не било Матео, Марко како 10 деца во школото. Ама Марко ќе биде полесно прифатен, а за Ѕвездан ќе има чудење, грешење при изговор, потсмев, надимаци. Здрави, прави и нормални деца ќе ги правите чудни и да имаат различности и потешкотии со изговор на име. Тоа е, свашта, комплекси пукаат да се било посебен.
    Нема вечито да го браните вака името пред луѓе што ќе му се смеат кога ќе е на само. Има многу злобни деца, треба да се подразмислите. И такви имиња се тешки за читање и за странство, за секаде. Едноставно се проблем кој може да се избегне.
     
    На DarkStormm, Just.do.it и Radler им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.330
    Пол:
    Женски
    Остај се, безосетни родители со лош вкус :tmi: Срам да ни е ;(
    Тие злобни деца се деца на злобни родители, па така ако ти детето не го учиш да се потсмева истото нема ни да знае дека треба да се потсмева. Овие особини се учат дома.
    Ќерка ми иначе се вика Јана. Ем старо име, ем често. Безидејна низаедна сум :worried:
     
    На Sparky.99, MeowMeow, Oneo и 6 други им се допаѓа ова.