Очигледно ти е досадно, не знам како се најде засегната. Јана е океј, не го ни спомна некој, не знам ни што толку се напна. Последно значи, од 1000 луѓе што ќе запознае во школо не може сите да имаат прекрасна реакција на името Ѕвездан. И досадни сте веќе, без поента, нешто колку да се пише и глуми паметен. Нема сите исто да мислиме и да лажеме луѓе за вакви имиња да ги ставаат на децата. Ако толку е добро што не ја крсти ќерка ти со чудно име Ѕвездана, а не Јана што е нормално прифатено име?
Името Кирил е баш застапено кај шо живеам. Овие две три години се враќа модата на постари и библиски имиња. За некој е снегулка да се вика Ѕвездан, поназад па некој се бунеше за модерните имиња, па се бунеше за кратките имиња како за куче биле...значи вкус е во прашање. Не знам дали стварно во животот си велите чекај овај вака се вика ќе му се изнасмеам.
Па во себе ми било чудно за некои луѓе како ги крстиле така. Не сум кажала директно, но сум се чудела кој нормален човек дава такво име. Затоа други што гласно кажувале им наоѓале надимаци и ги зафркавале за истото. Не сте биле ученици, ниеднаш не сте помислиле лошо за некого, не сте слушнале потсмев за некого за име? Браво, светици сите до една. На што си трошам време и јас па. Си кажав моето, поздрав ајде.
Ненормален е некој ако си го крсти детето Ѕвонко, Ѕвездан?? Шта речи еј. Прости се оние што се исмеваат и немаат свој живот, па гледаат во туѓиот. Јас се немам потсмевано ни на имиња ни на презимиња.
80% од луѓето ги учат децата да се потсмеваат на нечие име Ај кажи сега некое озбилно име, на кое никој нема да се потсмева и да му најде мана
Сите нормални имиња што се користат последните години и за другите се пречести, а нивната уникатност бара нешто чудно и на детето сака да му прави комплекси на посебност. Елена, Кристина, Јана, Марко, Ана, Александар, Ивана, Ангела итн... Како што и 90% родени после 90тите се викаме тука претпоставувам.
Па тоа се нормални имиња што се користат и секогаш ќе бидат убави, затоа и останале тие, а не останале Трајанка и Славко во мода. Ама не, чести биле, како така, немој.
Јас па мислам дека баш овие 90ти имиња веќе ретко кој ги става. Или се оди на постарите шо завршват со ИЈ, ЕЈ и сл. или поинтернационални. И ги упропастивте имињата на мајката за ништо. Убај беа и си навивав за Ѕвездан, ме купи со приказната. Многу сакам кога има значење именцето.
Ѕвездана е преубаво име. Имав колешка , на сите ни беше преубаво името . Ако тебе ти се свиѓа Матео, на друг му е чудно. Може тебе некој ќе ти се смее за Адам пример Џабе ќе веземе.
А кој решава кое име е океј, а кое не е? Еве на многу овде Ѕвездан им е океј. Мене и Ѕвездана за женско ми е баш убаво.
Во минатото многу од овие имиња што се стават сега им биле чудни на луѓето,ама ете денес се стават. Можеби за 50 години Матео ќе биде име како за некој чичко. Не е убаво така да се исмеваат децата заради имињата
Што се напна толку за имиња жити се? Од сите работи за кои се исмеваат децата, имињата се најмал проблем. Плус овие имиња за кои се збори не се ни глупави ни смешни, има многу луѓе кои се викаат Кирил, исто и Ѕвездан знам. Многу ми се чудни вака луѓе ко тебе што имаат ваква реакција за....име.
Ова што го зборува @Stormii е вистина. Луѓето се смеат, децата се смеат, и некогаш бираме нешто кое ќе не вклопи во стандардите, да одбегнеме неубави и трауматични ситуации. Кои се стандардите кое име е убаво/прифатливо а кое не? Ваљда истите измислени стандарди кои решаваат дали некоја е убавица, а некоја грда... истите измислени стандарди што одлучуваат дали некој има добар вкус на облекување а некој не итн. Дали е вистина тоа што го зборува Сторми? Да... Дали е правилно - НЕ!!! Прво би рекла @Stormii секој треба да почне од себе, а за жал светот ќе биде ваков се дури има луѓе кои размислуваат така. Тоа значи дека така ќе ги научиш и твоите деца, и тие нивните, и тоа до бескрај. Почнете самите од себе, и сфатете дека убавина има во СЕ. Кога ќе ги смениш гледиштата на работите, така ќе одгледаш и деца кои нема да се смеат на другарчињата, и тие ќе одгледаат такви деца, и ќе се направи добро дело. Баш сабајлево ќерка ми и другарот нејзин си зборуваа за дец од одделение со светла коса... (прваче е), ми вика мамо, оти тоа и тоа дете има светла коса. Викам, не има секакви, со секаква боја на кожа, со секаква боја на коса, очи... високи ниски, послаби подебели, сите сме различни и затоа сите сме убави. Ако ме праша за име некој ден, сличен одговор ќе и дадам. Траумите кај децата ќе се јават, ако не е за име, за друго ќе му се смеат. Научете ги од дома дека се си е убаво на свој начин, тогаш нема да има грди имиња, грди деца, грда облека... Секој ќе се осеќа убаво во својата кожа и ќе си го сака своето име.