Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имиња за вашите деца

Дискусија во 'Бебе' започната од Bisera.Sk, 9 февруари 2010.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Ја напнавте ама во право е, реално.
    А и кога веќе некој прашува за мислење, нека слушне мислење, не мора секогаш да е позитивно.
    И јас кога бирав име за син ми, бирав некое за кое нема да го зезаат утре, зошто реалноста е таа, колку и да сакаме да не е.
    Се смееле, се смеат и ќе се смеат.
    Не би го изложила детето на такво нешто.
    Конкретно за Кирил мене ми е убаво ама Ѕвездан...не, не дека е старинско, туку ми звучи грубо и неубаво, да не должам понатаму
     
    На nevermet18, Snowflake92, Bubble91 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Stormii

    Stormii Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2022
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски
    Не да напнаа, а смешно е што нивните деца не се ни викаат Ѕвездан туку имаат сосем нормални имиња ама битно да се глуми кул на интернет.

    По не знам кој пат кажувам, не сум се смеела на никој, во себе сум помислила дека некој има чудно име и толку. Ама во клас многу пати деца од други деца (не од мене) биле исмевани за имињата. Затоа дете никогаш не би крстила така чудно и да му правам проблем, па ферски и кажав на жената реално мислење наместо тапкање по рамо и лажење дека е добра идеја нешто што може да го кошта многу детето во иднина.

    И не, не ме учеле да се смеам дома на туѓи имиња |(|(, само едноставно некои имиња ми се чудни како ова и не би поддржала некој што прашува за мислење за вакво име. На другарка блиска истово би го кажала ако ме праша. Ако не ме праша нема ништо да искоментирам, но тука жената праша, така да олабавете малце. Чим толку ви е убаво сите децата Ѕвездан да ги крстите, а не вашите да се Александар, Иван, Мартин, Давид, а на членката да и викате Ѕвездан да биде, супер било. Лицемерно делува.
     
    На Discovery, Anaroz1, nevermet18 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Се коментираше за Ѕвездан оти членката сакаше да го стави на син ѝ. Да, еве некој сака да го крсти така нејзиното дете ама поради таквите како тебе нема да го стори тоа.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Stormii

    Stormii Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2022
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски
    Дај боже. Кога ќе порасне детето и ќе дознае, ќе рече фала на тетка Сторми што ме спасила од тоа грдо име.
     
    На Discovery, Just.do.it, penelope10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.851
    Допаѓања:
    13.469
    Леле ти напна, па и се гледа од постовите. Не знам што се запна за Ѕвездан, кога е навистина убаво име. Еве и Петра сега многу бебиња ги крстат. Петра ми е преубаво име.
    Инаку меѓу Давид и Ѕвездан, сум за Ѕвездан повеќе.
     
    На MeowMeow, cresa-jagoda и joy1 им се допаѓа ова.
  6. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.629
    :rofl::rofl::rofl:
    Јас така му викам фала на брат ми што не дозволил име по дедо ми да ми стават. Уште така да се викав, ќе го сменев името после 18. :rofl:

    Во право е девојчето за муабетов.
     
    На Just.do.it, mariz и Stormii им се допаѓа ова.
  7. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    4.792
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik, мој избор е Ѕвездан или Кирил, секако твој избор е како ќе си го крстиш, човекот го краси името, а не обратно ;)
     
    На Bebce ❤️❤️❤️, bbwowww, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.445
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik
    Кирил или Матеј место Матео(италијанска верзија е ова)
    Ѕвездан го чув за две бебиња, изгледа е актуелно сега и ке се родат многу Ѕвездани.
    Инаку не ми е баш нешто убаво.
     
    На Kom.pot, Lavica2602, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik Одамна го немав слушнато Ѕвездан и баш е убаво, посебно заради приказната ви има значење. Женската верзија ми е уште поубава ете во следниот живот ако имам ќерка Ѕвездана ќе биде во игра :D
    Кирил ми е исто преубаво ама да го викаат само Кирил, Кире ми е како скроз друго име.
    А злобните деца ако не можат да те ругаат за името, ќе те ругаат за крив нос, дебелина, сиромашни родители, облека, телефон…Ќе си најдат нешто да го истурат бесот од дома.
     
    На elenaklasik, azelea, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  10. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.826
    Допаѓања:
    18.190
    Пол:
    Женски
    Охооо…деца има за се да те ругаат. На другарка детето има баш убаво име , старо/ново да кажам. Амаа во класот има едно девојче кое страшно прихички ги малтретира сите. Им кажува како немаат родители ( а имаат), како мајката/таткото ќе им умрат, ќе останат сами, дека се грди, дека се ова/ она, навреди еден тон. Не е само името причина за исмејавање. Другар во средно , пубертет имаше изразито тенок глас, цифкаше кога збореше, и тоа беше причина на голем дел од децата во класот да го исмејаваат, е кога помина тоа , кога пишти еден здрав машки глас…
    Отидов ептен од темата.
    Иначе мене Петра и Круна ми се убави имиња на пример, ама па и ме потсеќааг на едни две бабички, слатки бабички што многу ги сакав.
    Секој со своето. Другар и другарка, одбиваат да кажат како ќе им се вика бебето, зашто од другарите добиваат потсмев ако било модерно имато, требало да биде постаро. Мислам…и возрасниии луѓе тераат потсмев.
    Јас како сакам ќе си дадам име, сигурно нема да го уништам како Параскева, Стојанка, Живко итн…и баш ми е гајле кој што мисли. Ако тера потсмев , нема потреба и да се дружиме.
     
    На Jordanovska-K и Skyler им се допаѓа ова.
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Абе да, децата знаат да бидат злобни ама зошто би им давале причина плус да го заебаваат
     
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.338
    Допаѓања:
    126.136
    Пол:
    Женски
    Секој си одлучува за името на детето.Ние овде можеме да дадеме предлози, но не мора да бидат прифатени.
    Но, потсмевот за некои имиња тешко да се искорени.
    Родителите не се трудат да ги воспитаат децата дека потсмевот не чини.
    Не само за имиња, туку и за друго.Поради ова не го земајте за зло советот да не им ставате такви имиња на децата.
    И овој совет не мора да го прифатите.Но, размислете.
    И пак да речам за кратење на имињата или некаква деминутивна форма.
    Тоа не менува ништо.Правото име си стои во документи.
    На пример, Кирил.Има интересно значење(господар).И во други држави го ставаат.
    Не е битно ако луѓето го викаат Киро, Кире, Кичо.Кирил си е во документи.
    Или Ѕвездан, машка форма на Ѕвездана.
    Од ѕвезда. Не е лошо.
    Сè дур не користат погрдни називи не треба да се вознемирувате.Кога е од милина, арно е.
     
  13. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    938
    Пол:
    Женски
    Дома буквално ни еднаш немам кажано лош коментар за некое име, сериозно, баш за децата да не се потсмеваат на некој, плус и си знаат дека потсмевање за што било, не само за име, е неприфатливо. Така на моето дете едно време му беше убаво името на дете од одд. што се вика Слободан, старинско за мој вкус, ама ете.

    Како и да е, се сложив со членката погоре дека претерано е ова со желбата детето да има најуникатно, најпосебно, се' најнај име, а демек ако е често е грдо, што не е точно. Па дури слушнав и оговарање, демек-леле по нас го крстиле ..., сакавме уникатно да биде :^)|(
     
    На Lavica2602 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mona2022

    mona2022 Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    30
    Е браво! Случајно налетав на темава и се запрепастив прво од фактот што повеќето тука даваат странски, најчесто амерички имиња на децата. Второ што детето уште неродено го спремаат за живот надвор од Македонија, не викам да останат тука ама дајте бе луѓе имаме прекрасна држава, имаме прекрасни македонски имиња, и да отидат во странство треба да се гордеат со своето потекло и своето име. И трето, јас имам многу специфично, досега имам сретнато само едно такво име во Македонија. Како мала се нервирав и се срамев од такви искомплексирани што ме зафркаваа за името, а денеска си го обожавам и сум горда што носам македонско православно име што го носеле моите предци. Не судам, крстете си ги децата како сакате. Ама ако ви е ок вас да ги крстите Вук, Иан, Алан и не знам што зошто да не е ок некој да си го крсти детето со име од државата од која потекнува, па да биде и како што вие викате "старинско" ?
     
    На Jordanovska-K му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    933
    Допаѓања:
    5.100
    Еми, ако сакаме да го викаат Кире- Кире ќе го крстиме, а не Кирил. Исто како Никола кога ќе го викаат Коле, или Александар Аце :puke:
    Не ја разбирам потребата од кратење на имињава, ама најсериозно.
     
    На Erika.greeneyes, Bubish26, Skyler и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    24.405
    Пол:
    Женски
    Од убави имиња Дамјан, Михаил да ги викаш Даме и Мики.. во право си скроз. На маж ми само јас го викам Александар, толку моќно име ќе го унаказиш со Аце.
     
    На Кена Рис му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Моите :l: Големиот е Матео, малото ќе биде Марио по желба на бато.
     
    На Erika.greeneyes, nevermet18, Bubish26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Баш убави имиња се, преубав избор. :inlove:
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.338
    Допаѓања:
    126.136
    Пол:
    Женски
    :D
    Кирил си е во документи.Ништо не менува ако некој го вика Кире.
    Страшно ќе е да го викаат ѓубре,прасе, буцко, чечкалица.Дека се навреди.
    Не е страшно да го викаат со скратена варијанта на името.
    Тоа не е навреда.Од милина е.
    Значи, тие кои како име имаат некоја од скратените варијанти на Александар треба да се утепаат оти според тебе имаат унаказени. :D
    Де, бре луѓе...
    И скратените верзии го имаат истото значење.
    Освен тоа, родителот е посебна личност.Детето е посебна личност.

    Родителот нема право да се лути ако некој го вика детето така.Детето само треба да си увиди дали му смета или не му смета кратење на името.
     
    На cresa-jagoda, nevermet18, januari19 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.851
    Допаѓања:
    13.469
    Една мајка ми изреагира оти му реков на детето Здраво, Даме ( Дамјан се вика). Небаре го реков Свињо или Стоко. Бог да чува.
     
    На cresa-jagoda, mona2022 и Elenpelen им се допаѓа ова.