Ич не ми смета кратење име, баш е од милост, не за да понижиш некој. На ни едно дете не му се обраќам скратено (на "галено") само зашто знам дека можеби се лутат родителите, не дека не ми дошло.
Јас така се “палев” на почеток, ама сфатив дека нити ќе сменам нешто, а и што дека го викаат нагалено, па и јас се “фаќам” од милост некогаш како му викам така Во градинка учителките го викаат нагалено, другарчињата автоматски исто. Не ќе се расправам со нив Кога го крштевавме , другарка ми изреагира да бирам име за да не го викале нагалено. Е кое е тоа име И тие што мислиме неможе, пак ќе ги викаат нагалено. Другарка ми Ема , си ја викам Емче Тина-Тинке. Другар ми Адам, Адамко И јас сум за ќотек
Од милина е да му речеш Димче, а има преубаво име Димитар, знаеш дека неговите сакаат да се вика Димитар и им смета ако се крати ама ти од милина Димче ќе му речиш? Господе Боже, смирете малце живци, што толку ве повредуваат коментарите за имиња, дали сте реални? До која крајност одиш да искоментираш дека според мене некој треба да се утепа заради името? Смирено, земи воздух. Прво јас имам според мене ужасно име и имам право да коментирам дека и те како влиае името на детето кога е мало/највеќе побертет. Не јас што ќе кажам или мислам туку природно и покрај кажување дома да не се измејува дете за име, тоа го прават врсниците. Да никој нема да се смее е за Ацо, Фичо или Димче ама да се убави не се, а и да не им се свиѓаат на децата, тие кратенки им остануваат цел живот и се представуваат со нив и никој од тие деца, кога ќе пораснат не си го кажуваат правото име и инсистираат на истото. Која потреба да се скрати? Ако не е унаказубање Аце не знам што е, за шо му дале родителите убаво име? Голема работа за во документ, мноогу битно, само он го гледа. Како звучи? Никако, нема што тука да се лажеме. Ако не е битно толку името ајде ставајте имиња Трендафил, Восиљка, Ксенофон.. нема некој што да ја вика ќерка ми Нине, кога она е Нина и крај, ако треба ќе повторувам секој пат кога ќе и речат така.
Ти опоменувај сега, но утре во школо може да го викаат така без ти да слушнеш и ќе ги бараш тие деца да ги опоменуваш да не го викаат Аце, Даме, Маки и слично? Леле ќе реагирам ако некој ја нарече Нине бе. Извини, но претеруваш ти.
Е добро де, што е чудно некого да го наречат нагалено? Тоа е нормално и често во нашиот јазик, ништо трагично. Мене ми е баш симпатично кога некој ќе ме нарече нагалено, не значи дека не ме почитува мене или моето име. И ај сеа ако им ги крателе имињава да ги крстиме со имиња од 2 3 букви, да не можат да ги скратат. Се согласувам. Излеа по се родителите се тие што им ставаат комплекси на децата уште од мали. Мене баш ми е мило кога некој ќе ме нарече нагалено, воопшто не го гледам како навреда или непочитување. А во врска со тие навреди што ги спомна погоре тие многу повеќе ме повредуваа отколку кога некој ќе ми речеше нешто за името.
Мене цел живот ме викаат нагалено скратено или со че на крајот на името па жива сум. Додуша не се ни сеќавам кога последен пат некој ме нарекол со правото име.
Поштовам ,како ќе ми нагласат,така ќе ги викам. Од другарка детето се вика Кирил и никој не смее поинаку да го нарече. Мене цел живот нагалено ме викаат и се навикнав, па некој ко ќе ме викне со цело име,мислам нешто лут дека ми е
Јас па ич не си го сакав моето име како помала...лута бев дури зошто другите што биле на избор дадени не ми ги ставиле Сите ме викаат по цело име (освен чичко ми нагалено ме вика). Во средно 1ва год сама си дадов надимак Мина и така ме викаа до 4та После на факултет пак со цело почнав да си се претставувам Скоро прочитав име на мало девојче со име како моето и многу се изненадив, зошто ретко возрасна го има, кај девојче помало не сум го начекала (повеќе во машка верзија го имам начекано).
Моето е ретко име, не сум слушнала на мали деца да се става. А не е старинско некое. Леле баш ме занима како се викаш
Па и јас на Марина прво помислив, ама си реков не е можно до толку да не си го сака името, воопшто не е лошо како што пишува, па викам мош Јасмина се вика
Мене ме одушеви една мала 2 годишна слаткица со име Мери. Го немав слушнато на мали деца,но на девојчево многу убаво му одговараше.
Во градинка со ќерка ми учи девојче Мира. До денес не сум го приметила имево,а го знам девојчево веќе 3 години мислев дека само во Мк го има имево.
Мене па и Јасмина ми е убаво и поретко е ко што пишала, ама па машка верзија повеќе да го има, не знам, Јасмин јас не сум сретнала баш.
Интересно и убаво звучи, ако е постаро. Исто и Петра многу ми се допаѓа за девојче, во Србија гледам дека е често кај нас не сум го сретнала.
Да Сега не ми е толку лошо, но порано ич не го сакав И чудна работа на друга жена/девојка да го сретнам ми се свиѓа како им прилега Марин неколку пати сум го сретнала кај дечиња, а Марина дури едно. @Black girl фала