Фала! Не е кај возрасни ретко, познавам и јас доста Ама сега не го ставаат баш, девојчиња помали со ова име нема
Исто. Мислам дека и на училиште и на факултет професорите нагалено ме викаа. Кога ќе ми го кажи некој цело име страв ми е дека нешто згрешив. А да ви кажам кратенката од моето име, ич не е уба, целото име ми е помоќно, ама многу сериозно звучи. Сестра ми цел живот Пеце ја викам. Тешко неа со мене.
Опа, цели страници на оваа „проблематика“ , која е потребата да се убедуваме чиј став е правилен? Вас ве цитирав дека само вие одговоривте на моето мислење, ама прашањево се однесува на сите што ептен борбено искажувате став и не почитувате туѓо мислење, па ајде сега сите останати ќе се согласиме со некој си анонимен член на форум и убедува како тој е во право Лично јас имам долго име и никогаш никој не ми го крател името, можда оттука и произлегува моето мислење. Или па на никого не му сум мила Според мене нема поента од тие кратенки од „милост“. Ако го крстам син ми Кирил и така е заведен во сите документи, нема потреба некој да го вика Кире оти сметал дека така е помило. Ако и јас сметав дека е така помило и дека сакам така да го викаат син ми, зошто во документи да го заведам како Кирил, а не Кире? Која е поентата да имаш официјално име на извод, а никој да не те вика, туку на скратено? И да, подобро да крстиш дете со име од 3-4 букви, отколку да го крстиш Викторија и Вики (кое инаку воопшто не ми звучи мило ) да ти го викаат. Ма да, кај нас и Нина да се викаш Нине ќе те викаат, оти ете така требало од „милост“ некоја баба таму одлучила дека помило е така. Ела ми да ми те штипне еднаш бабичка за обравче
Гледам погоре сте ми го дискутирале името Јас многу си го сакам. Не е нешто многу често и актуелно, барем во МК. Во Србија и Хрватска е почесто. Ми се допаѓа и значењето, а и тоа што никој не ми го крати и немам надимак, иако на форумов пред гооодини сум се зачленила како мацуш, не знам зашто . Здравје, за мои деца би ги зела во предвид имињата: Војдан, Милан, Ања и Миа
Iskreno i mene a mm mn go saka pa sakav da vidam dali e samo do mene ili imam istomislenici fala za iskrenosta
Не ми е убаво. Како на некое размазено лигле ме потсетува. Сите што се викаат така ми се антипатични.
Мајки, дали на Ника именден и е на св.Никола или има друг посебен празник св.Ника? Гуглав ама некако не можам да најдам...
Охооо откако сум поставила прашање за мислење за име Ѕвездан, цели дискусии за исмејување на децата врз основа на името. Сега дури читам. Како било. Нема да е Ѕвездан, се двоумев ама го отфрлам. Сега ми е Кирил во ум. А за следниве што ќе кажете. Ангел? Калин? Можда и го имам прашано еднаш веќе. Максим?