Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имиња за вашите деца

Дискусија во 'Бебе' започната од Bisera.Sk, 9 февруари 2010.

  1. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Потеклото на името Лазар е библиско, поточно Еврејско, што значи: Бог е моја помош. Никогаш нема да изгине ова име, прекрасно е.
     
    На Anomis11, Oscar Lady, Pipismel и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.906
    Пол:
    Женски
    Е како тоа бугарско. Тоа што Калин како име го има во Бугарија не значи дека е бугарско. Калина пример има и во Русија и Украина. Повеќе би рекла дека е словенско име.
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.266
    Допаѓања:
    170.243
    Пол:
    Женски
    Какво е тоа бугарско име ?!
    Калин си е словенско
     
    На cresa-jagoda, Freckles. и Евроазија им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Всичко е блгарско :rofl:
    Всеки е блгарин
     
    На Discovery, cresa-jagoda, GirlRose и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.648
    Допаѓања:
    39.384
    Пол:
    Женски
    И Калин и Лазар ми се многу убави имиња.
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Женски
    Мене секое име што завршува на н ми звучи бугарско. Мене ми звучи така не велам дека е бугарско само. Гален, Љубен, Адриан... Немам ништо против против блгари, нели Един народ сме. Не било својствено до пред некое време така да мислам дека и тоа ни е увезено.
     
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.266
    Допаѓања:
    170.243
    Пол:
    Женски
    Иван , Јован , Горан , Зоран , Стојан , Итан ...сите овие ти звучат бугарски?:)
     
    На cresa-jagoda и Madam S им се допаѓа ова.
  8. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Освен Иван и Јован, кај ги ископавте другиве за 2023.

    Искрено подобро клише Лука, а не Лазар за бебенце. Мое мислење. Поминало времето на Лазар, Горан, Зоран, Трајан.
    Калин не ми е убаво, не знам од кај се ископа имево. Ја не познавам никој вака што се вика.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Женски
    Не, не ми звучат бугарски зошто знам дедо Стојан, дедо Зоран, чичко Горан итн. Ако збориме за македонски вс. странски (во случајов бугарски) имиња секогаш тргнувам од тоа дали знам некој дедо/баба/чичко/тетка со тоа име. Исто и дали се сретнува како презиме во нашата традиција на именување .
     
    На Bubce38 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Лазар е класика име како Александар или Стефан, Филип...Воопшто не е старомодно.
     
    На Anomis11, Bitter-Sweet, Autumn Love и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.266
    Допаѓања:
    170.243
    Пол:
    Женски
    Дури сега ми текна дека и син ми е со Н на крајот :D
    Славен . Јас сакав да биде СлавеН , ама мм и брат ми не "дозволија" последната буква да биде голема. Бугарите правеле така :)
     
  12. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Женски
    Добро бубче вие сте накај тој крај, простено ти е:D
     
    На cresa-jagoda, Freckles. и Bubce38 им се допаѓа ова.
  13. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.022
    Допаѓања:
    5.409
    Исто :D.
    @elenaklasik Лазар! :l:
     
    На elenaklasik, IRBBB и Dancewere им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.331
    Допаѓања:
    126.094
    Пол:
    Женски
    Женската форма да, но машката е од бугарско потекло.
     
  15. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.906
    Пол:
    Женски
    Па еве пример јас не знам дедо Мартин, па и дедо Маријан не знам ама не ми се бугарски. А и не гледам лошо па ете и бугарско да е. И Игор, Наташа, Владимир се руски, во поново време Алексеј и Олег кое мене патем ми е многу убаво ама не гледам лошо во тоа. Некако тие имиња ми се поубави и поприфатливи отколку Меланија, Мишел, Хана, Леона, Леонардо, Јан, Вилијам ( и такво слушнав пред неколку месеци име дека дале).

    Не знам од каде ти е ова. Тоа што е често име таму? Еве пример врв на Осогово се вика Калин камен, или пак во Русија има Калининград. Зошто да е бугарско?
    И штом има женска форма се изведува машка. Не може да кажеме Калина да постои како старо македонско име, а Калин бугарско. Од каде едното од таму и другото.
     
    На Madam S, Freckles., јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Буквално секое од имињава се користи во некоја соседна земја, а некои и подалеку и тешко е да се процени од кај му е потеклото.
    Нема врска какво е, ако ти се свиѓа, ти се свиѓа па и бугарско да е.
    Лазар не би рекла дека е класика, старомодно е, при толку убави имиња, не би му давала име на бебе што не е од оваа генерација.
    Зошто сосила да му набивам комплекси.
    Мислам може да се лажеме дека не е битно, ама Ставре, Крсте, Трајанка, децата и најубаво да ги воспитуваш, ќе се најде некое да му искоментира дека има име ко на дедо му, а скрос си можел да го одбегнеш тој момент зошто природно на децата им доаѓа да забележуваат се што е необично, ти после можеш да ги учиш, ама зошто пак баш моето дете да е инспирација за воспитување на други деца (facepalm)
    Чувството кога ќе ти речат дека преубаво име имаш одбрано за детето е многу убаво.
     
    На _beautyy_, Ladybug98, MeowMeow и 5 други им се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Син ми има име по прадедото на маж ми имево и ден денес го ставаат на деца. Старо име Војдан. А Лазар е исто име што се дава на деца сега и е баш класика. И никој не ми рекол дека има старовремско име или име на некој дедо. Ќе остарат и тие со име Иан...Леонид...
     
    На azelea, forumce, Madam S и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Војдан ич не е во иста категорија со овие што ги набројав, еден куп дечиња и млади има Војдан.
    За остарување ќе остарат само и булингот што го добиваат некои деца е реален, не ќе го игнорираме дека не постои.
    Идеално би било да не постои, ама факт е дека постои.
    Ај да е нешто што не можеш да го избегнеш да, ама при толку убави имиња...
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Секој со свој вкус мене Лазар ми е убаво име, тебе не ти е... Со оглед на тоа што уште има луѓе што на децата даваат име Блажо, Ванчо, Тасе, Живко...Лазар е топ. :)
     
    На azelea, Freckles., јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  20. lia22

    lia22 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Da i togash nema da bide Leonche mamichka Pomodarstvo pa duri i so iminjata bozee
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.