Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имиња за вашите деца

Дискусија во 'Бебе' започната од Bisera.Sk, 9 февруари 2010.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ај кажи искрено, Живко бива да крстиш бебенце во 2023? :)
    Нема никогаш да разберам.
    Покрај Матеј, Марко, Филип, Дамјан, да крстиш Живко.
    На другарка ми и се запнаа Крсте да го викале бебето по свекорот, па тој пари ќе ја дарувал (facepalm)
    Божем трансакциска зделка е, а не име што на детето ќе му е идентитет.
    И таа не дозволи и Кристијан го крстија. Демек звучело малкуцка на Крсте.
    Ама бебе Крсте. Се сфаќам, ама ова не можам.
    Па и модерни имиња какви има, и кај нас препознатливи и интернационални, Марија, Давид, Емилија, безвременски.
     
    На Feminka22, Ladybug98, MilaSs12 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Искрено ни јас не би дала до толку старо име, ама има даваат. Првото бебе во 2023 прочитај како се вика, љубилејното бебе во Систина...прочитај ќе видиш. Да ти кажам дека прабабите и прадедовциве на маж ми и моите имаат помодерни имиња од нивните деца. Константин, Петар, Војдан, Александар, Јован, Кара, Милица...ова се имиња на луѓе пред 100 години што се вика давани. :)
     
    На azelea, Freckles., cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    2.342
    Пол:
    Женски
    Joana
     
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.898
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Има едно видео се врти низ интернет, мајка со детенце во супермаркет и детенцето загледува девојка - црнкиња, и ја коментира кај мајката. На девојката и станува непријатно се до моментот кога ќе чуе дека детето ќе рече дека е убава, па ќе се насмее.
    Децата не се раѓаат ниту расисти, ниту националисти, ниту со вродена идеја да заебаваат други деца поради името. |( Тоа се дешава кога ние родителите ќе ја усереме и ќе ги напраиме такви.

    А би требало секој да си крсти како сака, без небитни ликови да имаат замерка или уште помалку мислење за истото. Само светот во кој живееме не е толку убав па секој си зема за право да коментира и што треба и што не треба.

    Кога останав трудна со првото и ми рекоа на почеток дека носам машко, ќе се викаше Максим. Кога и кажав на мајка ми, првата реакција и беше - аууу какво старомодно име. У нејзино време имала таа дедо Максим и името пред 40 години се сметало за старомодно. Последниве години повторно се врати назад, на голема врата и тоа.
    Лазар и мене не би ми било избор, ама гледам сега и тоа станува актуелно што е ок. Секој со своето.
     
    На Splendor., azelea, dayla и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.906
    Пол:
    Женски
    Лазар воопшто не можам да го ставам во ист ранг со Ставре, Крсте и Трајанка. Комплекси за Лазар не верувам дека ќе набие некое дете.
    А и еве во детството сум сретнала старински имиња како Славица и Ружа кои лично ги познавав и се дружев па никој не ги зафркаваше, не знам од кај излезе ова дека за име правеле булинг.

    Од стари имиња мене пример Коста ми е многу убаво.
    Еве и Лена и Петра не се од оваа генерација, па убаво ми звучат.
     
    На azelea, dayla, Madam S и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Најискрено не знам што да кажам на ова, за мене ова ми е тотално игнорирање на нешто што во реалност постои, зарем нема реален булинг на сметка на име.
    Некои сецепарајучи приказни, децата се чисти како капка солза мене ми се искрено само смешни и стварно не знам што друго да кажам.
    Кога ќе му се смеат, можеме на форум да оправаме криви дрини до утре, ама не треба да е така, ама родителите се криви, но ништо од тоа на детето нема да му е важно, пак ќе си носи белег, нема да му е битно дека децата не биле во право или дека родителите не ги воспитуваат правилно, тоа може да е точно да, ама него ќе му е битно само да е прифатено од околината, а дека сеуште постои тоа е факт и трн во здрава нога не треба да се реди.
    А постои секаде, не само кај нас, и на други места луѓето пробуваат да се максимално специјални и ги крстуваат децата Кока Кола или Барбика и во некои држави има листа на забранети имиња кои не можеш да ги внесеш во извод, не ти дозволуваат.
    Кој како си сака нормално, ама пак ќе речам чувството е незаменливо кога ќе кажеш име што е актуелно за таа генерација, ќе ти речат Преубаво е, а ако речеш Трајче само ќе ти кажат Ммм и ќе сменат тема, па дали вреди на сметка на детето да водиме некои борби за правда, за мене не вреди, а за некој ако вреди па сега кој може да го спречи.
     
    Последна измена: 13 јануари 2023
    На Proletno, Madam S, MilaSs12 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.906
    Пол:
    Женски
    Па тоа и сакам да кажам, односно еве да прашам. Ете јас не сум сретнала ниту слушнала, ако некој знае таков пример, еве нека кажи.
    Дека се спомнува на неколку пати, а никој не спомнал реален пример.
    Избегнување на име кое родителите го сакаат за детето, само поради тоа што можеби по 10 години некој ќе прави булинг врз детето поради името не ми е некоја причина.
    Булингот обично се прави на повлечени и помирни деца. На тој што прави булинг не му ни треба причина. Може да најде, но може и да ја измисли.
     
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Може да ја измисли, но зошто да му даваш причина плус, име што веројатно никое друго дете во негова генерација нема да го има или не е користено 50-60 години е нешто што лесно можеш да предвидиш дека може да биде предмет на зафрканции.
    А инаку има примери баш на форумов се пишеле, а јас тие што ги знам обично се претставуваат со некоја скратена, "прифатлива" верзија на името од што нејќат да го користат целосното.
    Еден пример што го знам е крстена Милка, се претставува како Мила, што ги коштало на родителите да ја крстат Мила, ништо.
    Или НиколЧЕ, може да е Никола, и ова е пример што лично го знам, во извод е Николче, а никогаш не се претставува така.
    Желба на родителите, ама детето го носи, а секоја генерација си има свои имиња, да се двои детето од врсниците само за желба на родителите (или пак баби, дедовци) ми е стварно на граница со себичност.
     
    На MilaSs12, MeowMeow и arontt им се допаѓа ова.
  9. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.943
    Мене Лена ми е преубаво име.
     
    На Splendor., dayla, Madam S и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    20.993
    Абе не мора никој никогаш да ми вршел булинг, едноставно има имиња што на звук ми се шубе, не оти некој ми рекол дека се неубави.
    Моето е релативно често, не е ни старовремско ни модерно, така просек да речам, мислам руско потекло има. И океј ми е од истата причина, како ми звучи.

    И Кузман и Константин и Цветанчо се постари ама од трите, дефинитивно Цветанчо не ми се свиѓа ради звучењето.
    А Константин ми е убаво.

    Има па и модерни со што не ми се звучни од типот Иан.
     
    Последна измена: 13 јануари 2023
    На Srcka28, Feminka22 и Lavica2602 им се допаѓа ова.
  11. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    933
    Допаѓања:
    5.100
    Скрос се согласувам. Ептен е глупо и не знам што им требале тие додавки СтојанЧЕ, СтефанЧО, РистанЧЕ… па крсти ги Никола, Стојан, Стефан или Ристана и после нагалено викај си ги како сакаш.
    Ај за порано ќе сфатам некако, ама страшно е и сега што има некои вака залутани имиња.

    Иначе на темата, мене Лазар ми е многу убаво и моќно име. И Кузман што го има спомнато Манчмалоу ми го дава истиот вајб. Максим ми е веќе здосадено и пречесто некако го има наоколу, како и Дамјан.

    Многу е тешко да се избере име за дете, замисли ко ќе научи да зборува да ти рече ‘аман бре, зошто сте ме крстиле вака?’ :rofl:

    Инаку сакам да прашам дали ви се меша околината за името на децата? Мислам на вашите родители и на свекорите и слично дали имате дофрлања крсти го вака, крсти го онака и како се справувате?
    Јас уште не сум ни трудна, имам индиректни коментари за потенцијално име (facepalm) Ко ќе сум вистина трудна којзнае што ќе се дешава…
     
    На Madam S, MilaSs12, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Не во 2023, ама знам за бебенце крај на 2022 :wasntme:
     
    На Bitter-Sweet и Mantub им се допаѓа ова.
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.653
    Допаѓања:
    24.368
    Пол:
    Женски
    Охоо голем список си имала, не барај повеќе имиња, едно најди и крај, и да има поубави ( а секогаш има) завикај го бебе по тоа име и завршена работа.
    Лазар е убаво име ама не знам оти ме подсеќа на школски и сите го викаа Лазе голо газе (жива вистина).. ау ама знаат децата да се мајтапџии. Останувам на Симон.
     
    На bubabuba и elenaklasik им се допаѓа ова.
  14. Lavica2602

    Lavica2602 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2017
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    Jas sum trudna, od vcera i vo 9ti mesec vlegov i prvpat svekormi prasa kako ke se vika bebeto. Mu kazav deka ke bide iznenaduvanje i veke ne priprasa. Bidejki 8 godini se borevme za dete, vo edna prilika me prasa ako sme imale dete ( po difolt deka ke e masko, druga moznost kako da ne postoi) dali ke sme go krstele na nego, sto ke mu falelo na imeto. Jas mu odgovoriv, samo ako se rodi na toj praznik so negovo ime, vo nikoj drug slucaj. Starite da si spremna deka ke komentiraat, samo da ne si redis na dusa i da si teras po svoe.
     
    На elenaklasik и Кена Рис им се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.653
    Допаѓања:
    24.368
    Пол:
    Женски
    Кај нас не се мешаа воопшто околу изборот, тоа е глупост и не треба да се дозволи. Од моја па страна па не се редат имиња на родители ако се сеуште живи. Еве ќерка ми е родена на денешен ден Св.Василије, иако е голем празник, безкрајно благодарни, си го празниваме ама на памет не ни текна Василка да ја крстиме.

    Ние сме едноставни по бирање имиња, од старт ако некое ни кликне и на двајцата да се согласиме, тоа е тоа и нема менување. Мене ми е најбитно да се пишува едноставно, да нема забуни при спеловање и да е интернационалнп иако има преубави Мк имиња, нас баш тоа не ни одговара.
     
    На Кена Рис му/ѝ се допаѓа ова.
  16. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Не е само за булингот од другите деца самото дете се кочи и се повлекува без разлика како е растено и колку самодоверба има. Имам другарка шо цел живот и е проблем името не можеше да се претстави со правилното име едноставно проблем и беше оти не се вика Ана туку Стојна пример.
    Девојката цел живот е успешна и растена во здрава средина ама тоа и беше комплекс.
    Така да немојте да се лажете дека Петранка ке биде исто како Ема.
    Да дека секој има право да си крсти како сака ама треба малце да се размисли.
     
    На Discovery, elenaklasik, Kom.pot и 7 други им се допаѓа ова.
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Де бре луѓе шо направивте, намалена самодоверба, булинг заради името. Можеби јас во моја околина не сум се сретнала со ова, па затоа ми е чудно, а сум имала луѓе и со стари и со модерни и со странски и со чудни имиња. А можеби мене ми е глупост паѓање во депресија и нарушена самодоверба заради името.
    На крајот на краиштата може да се смени. На државата името и го сменивме, не па на детето. :)
     
    На azelea, eli25, Jordanovska-K и 3 други им се допаѓа ова.
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.040
    Допаѓања:
    21.367
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла, јас и у основно и у средно бев единствена со моето име. И на факултет, ама толку не се замарав тогаш.
    Е во основно деца без работа, смислуваа надимаци, навредливи песнички и сл. И ме повредуваше тоа, не викам не.
    Јас си го сакам името и стварно немам запознато ниедна друга со моето име, ама дека може булинг заради името, може
    Не е за паѓање во депресија или ниска самодоверба, ама прегрдо е чувството
     
    На MeowMeow, eli25, Jordanovska-K и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.627
    Допаѓања:
    61.601
    Пол:
    Женски
    За жал булинг не можеме да предвидиме и да спречиме уште пред да се роди детето. И за модерни имиња може да има булинг и ако е побуцкасто детето и ако е послабичко и ако има говорна мана.. А може и ништо од ова да нема па пак да биде жртва на булинг и да му дадат навредлив надимак.
    Мислам дека тоа не е валиден критериум за избор на име. Највалиден критериум е вашата желба.
     
    На eli25, Jordanovska-K, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.040
    Допаѓања:
    21.367
    Пол:
    Женски
    Не е валиден критериум ама е добро за размислување и на таа страна