Многу поубав би бил светот кога наместо да се расправате кое име е поубаво, децата би ги учеле да не дискриминираат врз основа на име и да не се потсмеваат. Тогаш ниту булинг би имало, ниту ништо Замислете само
Некогаш и да нема булинг од други, самите деца се незадоволни од името, скаат да го сменат, плачат дома на родителите како им текнало баш тоа име...
Моите родители се многу либерално и буквално за ништо не ми се мешале во животот. Не очекував дека татко ми толку ќе се налути за името на моето дете, звучело муслиманско. 2 недели не ми збореше, срце ме болеше, не мо креваше на телефон, сто пати плачев, но не попуштив зашто е дете на сопругот и мене, не негово. И после му помина.
Кумот на мајка ми и дал име Лена ама се родила многу мала па дедо ми не му идело името за мало бебе па ја крстил ЛенЧЕ
Ви ја прочитав расправијата па да кажам за себе . Имам многу ретко име искрено не сум сретнала никој да се вика како јас па булинг не доживеав за овие 40 години. Имено јас мое дете никогаш не би крстела Живко покрај толку убави стари и безвременски имиња.
Ама зошто би го крстил сега детето Стојна или Ставре? Не мора да е Лео, Тео или Максимилијан ама имаме прубави имиња кои не се од “модерните” како што ги викате , ама не се ни вакви ископани од нафталин што одговараат за 80 годишни баби и дедовци.
Е за ова си права, да си ми жива и здрава! Луѓено по либералниот им свет полови менуваат, па за едно име. Еве нашава државичка исто така модерна, мена име (но не и менталитет, навики, животен стил), па човек било проблем да мени име пффф... @Bubish26 Јас сум најпосле за Симон. Ми се вртка и Симеон, ама маж ми со Е не го прифаќа многу. Се тегнеме меѓу Кирил и Симон, па ќе видиме. Мислам дека и Симон е слатко и одговара за дете, плус и со на братчето името некако убава комбинација се прави. Фала ви на сите за помошта.
Баш така. Има модерни, имиња, кои не ми се доапѓаат, ама ако бирам помеѓу Станко и Тео, второто е поубаво.
Во контекст на ова ми беше погоре муабетот, и да нема булинг, потсмевање од страна, со вакво име голема е шансата самото дете да биде несреќно и да сака да го смени името (има и такви примери, од Стојна, на 18 години-Ана, епа сега...).
Ааа те погодив сега. Симпатиите не се забораваат А ти кое име го носиш, што ти го пофали битолчанкава (Ако нејќиш, не кажувај нормално )
Баш така, божем нема да сфати детето што име има, и никој да не му посочи. Колку ќе беше убаво да немаше осуди, јеј, и да немаше војни во светот и да немаше глад и сиромаштија, ама факт е дека има и да му отвораш работа на 18 години да си менува идентитет ми е нон сенс.
Башка детска симпатија Јас сум Душица, и од време на време си викам не можеа да ме крстат со интернационално име мме. Си го сакам името, ама колегиве од Америка ме викаат пази сеа Lady D, пошо никој жив Американец нема да каже Душица сигурно А ќе се селиме во Германија, таму кој знае како ќе ме викаат