Јас мислам дека Кирил е убавко име, и ми е некако уметничко. Луѓе што се викаат така имаат нешто интересно во нив. Е сега дали името го прави човекот или обратно, не знам, ама верувам дека има некоја енергија што ја прави и името кај еден човек. Убаво ти е името, звучи меко стварно. А за во странство, смисли си самата некоја скратеница, да им е полесно на тамошните за изговор. Hello, I'm Dushica, but you can call me _____. Е сега за пишани документи ќе свикнат, транскрибирање ќе си научат.
Мене па ми е поубаво и помоќно Кирил. Симон ми е верзија на Симе или Симеон кое ме потсеќа на нешто бугарско многу бугари го носат.
Не знам, не ми е убаво искрено. Многу поубави именца има. Прашуваш за мислење, затоа се искажав. Надвор од форумот не би ти искоментирала ништо за името, само ако ме прашаш како другарка.
Апсолутно. За жал оние деца што прават булинг за име, всушност прават булинг за се, па и да не е името, ќе биде нешто друго. Пак доаѓаме на крај до домашното воспитување и потсмевот на родителите од кои тие учат. Или изостанува таква лекција дома. Моето име е универзално и го има во секоја генерација, па пак не си го сакав и бев несреќна дур растев. Тоа се сосем други бубачки. Се сум прочитала во темава. Дека сакаат стари македонски имиња, дека сакаат модерни, дека сакаат библиски или интернационални. Секој таков аргумент ми е ок, лична желба е. Се до аргументот дека комшијата треба да ми го валидира името. Оти е битно тој баш да ме потапша по грб и да ми рече бреј бреј шо убао името. Ништо поглупо немам прочитано на темава. Некогаш сериозно мислам дека тролате, после ќе ми текне дека повеќето живеат за другите па ми станува тажно. Може работите ќе сменат на поубаво кога секое име ќе ви биде прифатливо. Не за себе, туку за тој што си го избрал како што впрочем вие сте го избрале за вашите деца и нема да го користите тој фамозен потсмев кон другите. Оти како да ви кажам, џабе вашата ќе е модерна Миа, ако се потсмева на Стојна. Нат најс дечки. Нат најс.
Па и не е баш така сеедно кога трпиш булинг ради името. Ете сега 20 и кусур години сум па пак не ми е сеедно кога има хехе шали за моево име. Едноставно ту мач е, а не па за дете. Нека си го крстат како сакаат, ама тоа не е гаранција дека нема да има потсмев и воопшто не е интересно да си како дете мета на потсмев. Друго е да си Ана, Симона или не знам…Марија. Ама да имаш уникатно име не е секогаш баш rainbows and sunshine.
Моето дете е Симон. На ден кога се роди одлучивме .. Баш на чет му пишувам на мм, пошто претходно беше зборувано Симеон или Симон, Симон нека биде по убаво и ми звучи и лесно за изговарање наспроти Симеон.
Ехеее сум гледала булинг за име кога сме биле помали, не е дека не постои. Јас лично би се држела до поедноствни варијанти на име, ни старинско, ни па премногу модерно, само колку поекстравагантно да звучи. Едноставно би го поштедила детето од шеги на таа сметка или од тоа само да не си го бендисува името. Лесно се избегнува и некако сметам дека нема потреба да се замара со такви работи како малечко. Е сега, кое име е старомодно или проблематично, а кое убаво и современо, зависи и од нашите критериуми. Има имиња кои се интернационални и според мене современи и убави, а многу тука ги набројаа во заостанати. На пример Лена ми е многу убаво, а кај нас се уште се доживува како старинско. Лазар исто ми звучи многу моќно, не би го ставила никако во ранг со Живко, Стојан, тие на че итн., ама еве некој го доживува и така. Кирил и Симон исто ми се убави.
Јас имав соученичка во клас Илинка. Неколкумина ја зезаа, девојчето почна да се потпишува на тестови и сегде да се претставува Илина. Чекаше да наполни 18 години за да смени име. Е сега што направи незнам. Иначе имам познаничка што кога го раѓаше првото дете се караа со маж и како да го крстат детето, дали по татко му или татко и. Итоа асални караници за дали детево да е Матејчо или Љупчо, ова пред 6 години. И се одлучија за Мате. Ко веќе бараш варијација, Матеј на пример ко да не е убаво. Второ сега исти расправии, еве пред 2 месеци се породи, по татко и ја крсти Љубица. Абре не да ме сфати некој ко да исмевам некого, ама неможам да сфатам натегање со маж за имиња, па уште и за некои стари имиња, по дедовци по баби,после децата не си ги сакаат имињата.
Најубаво е да не се консултирате со луѓе од надвор за имиња зошто секој си има свој вкус. Јас само со маж ми се договарав и си одлучивме име затоа што секогаш од страна има некој да даде коментар, вака требало така требало. Секако на сите не можат да се задоволат вкусовите и желбите. Вас што ви се свиѓа и терајте си
За машки имиња ко потешко е да се одлучи. Знам детенце што се вика Ставре на дедо му. И еве го тргна во школо и никојод соучениците не му се смее Бог да чува,само мислам понатаму во пубертет сепак ке влијае на самодовербата.