Убави се сите, ама кога треба да се одбере за свое дете, е веќе запнувам. За првото дете за побрзо време го решивме спорот Се мислам меѓу две, сопругов знае кое, ама јас држ не дај сум. Ќе му дадам на син ми да влече
Машки: Мартинијан, Михајло, Максим, Мајкал, Ерик Женски: Евдокија, Оливија, Иларија Ксенија и Крисија (овие за близначки многу одговараат) (Инаку, прв пат кога го видов Мартинијан Кириловски во Ѕвездите на Гранд, се заљубив во неговото име)
До сега требеше маж ти да го набуцка син ви од тие имиња што ви се на главен список, да иде кај мешко, да гали и да го вика по име
Убави се и двете,личен избор треба да е,ко да те читав назад дека сакате Иван за да е наследено,тука би одела со Evan за да е исто изговорено,а не Ivan.
Ај малку помош затоа што апсолутно немам идеа како да се вика ќерка ми . Првата - дадата се вика Инес па мислам и ова да е малку поспецифично ама некако со идеи сум на нула Предлог ?