Зошто би сакала бебувче да крстиш со име Столе? И наследно и емоции и се остави на страна, мисли на детето кога ке оди во школо.
И што кога ќе оди во школо? Значи од кожа ме вадат вакви размислувања, а и вакви родители ќе ги учат децата да се потсмеваат на нечие име. Страшно.
Стефан. Не би ставала имиња на машки деца со Е на крај, Столе, Славејче, Николче, се што е во деминутивче. А Стефан е преубаво име.
Никогаш јавно не сум се исмевала на имиња, но еве вака анонимно или дома кога си правиме муабет знам да се насмеам На толку имиња, не мора да се модерни, да го крстиш детето Столе? Мене ми е името ептен грдо. Еве сега скоро се породи бивша школска и детето го крстиле Ѕвонко. Ѕвонко во 2023 година? Се замислувам како го држиш и му викаш Ѕвонкооо, Ѕвончее мене ми е пресмешно.
За многу работи родителите не ги учат децата, ама децата од икс фактори си формираат слика и имаат став за одредени работи. Дури и да го учиш дека не треба да се зеза за одредена тема, пример име како Столе, ке се најде некое трето кое не е воспитано и твоето ке подлегне на ефектот на група. Од кои фактори знаеме сите. Не ни пробувај да ми кажуваш дека вака и онака ги воспитуваш децата, на помала возраст децата лесно подлегнуваат на провокации. Можеби мислиш дека твоето ангелче дома е ангелче и во школо, ама многу често се покажува дека не е. Е сега, не зборам за твоите деца, можеби и се воспитани деца, не се знаеме. Не е лично. Нема потреба да ризикуваш. Или па ризикувај со име и цел живот труби и бустај самодоверба. Кога си можела лесно да поминеш со малку помодерно име. Името е избор, не е генетика. Ако си низок или висок, мора да се прифатиш како таков. Да избереш име на дете во согласност со времето е обврска на секој родител. За утре да не мора да му објаснуваш дека е битно каков си од внатре, дека е битно да си карактер и што уште не.
Кој како сака може да го вика и крсти своето дете.Имам братучедка се вика Санела па ништо не и фали.Имав другарка се вика Сара а имам и колешка босанка Бисера.Бисера го ставаат и кај нас и е старо име од многу одамна го користеле.
Ако некој сака да се исмева, ќе се исмева и со "модерно" име. Што му фали на Столе Стоилов? Му се потсмева некој дека се вика Столе? Не, му пеат песни навивачи. И јас имам пријател што се вика Столе и ми е сосема нормално дека постои човек во мое опкружување со такво име, па и бебе да крстат така. Не знам што ви е што размислувате така. Се исмеваат деца кога слушнале дома дека тоа е чудно име. Деца ко деца, ако слушаат од мали некое име тоа ќе им е нормално, воопшто нема ни да размислуваат дали е модерно или старовремско, а не да се исмеваат.
Јас прв пат слушам за исмевање за име... Мене просто ми е тоа дека некој размислува да се исмева за нечие име, а не дали некое име е постаро. Познавам луѓе со доста стари имиња што дури се тешки и за изговор, а преубави луѓе. Исто и Столе имам во опкружување, имам и Столе одличен ученик. И досега немам слушнато исмевање за име, а бидејќи работам со деца има секакви имиња. Ама изгледа сите тие деца се добро воспитани па не им текнало да се исмеваат за нешто што воопшто не е за исмевање. Човекот си го прави името, а не името-човекот. Прашав само според вас кое е посимпатично име, а Столе воопшто не ми е име за потсмев и не е лошо име. Прашањето ја изгуби смислата, бидејќи Mila Ss забега од темата. Учете ги вашите деца да имаат почит и љубов кон останатите, а не предрасуди. Штом според тебе Столе е за исмевање заради името, којзнае како би исмевало твоето дете некое друго дете бидејќи не носи оригинал патики или носи скината јакна. И многу модернизам што владее па не е на арно за некој. Предрасуди имаат обично тие што патат од некој комплекси. Инаку ќе набројам некои имиња што се ептен стари, па многу млади модерни мајки ги ставија на своите деца, па ништо не им фали: Лена, Лилјана, Билјана, Јане, Василиј, Јана и многу други. Тие имиња не се од сега, туку се обновени имиња што сега се дури и модерни.
Грешка си. Децата од некаде слушале дека тоа и тоа име, презиме, или нешто друго е за смеење. Сами не им текнало тоа да го прават.