Сериозно?? Не знам во која утописка Македонија живееш, ама за жал исмевање за име е многу честа појава тука. Сум ја посведочила и кога бев дете, а и сега кога сум возрасна и ги гледам и возрасните дека уште си го тераат нивниот простачки филм а богами го пренесуваат и на своите деца. Да си свесен каде и си кого делиш воздух не те прави еден од нив. Јас никогаш не реагирам на имиња, ниту имам снобовски испади, ама тоа не значи дека нема да размислам два пати како ќе постапам во дадена ситуација за да не станам жртва на насилниците во системот каде живеам. Не можам да живеам во илузија дека сите деца надвор ќе се воспитани како моето. Најсвеж пример ми е детено Блажо што се роди како јубилејно 20.000 новороденче во Систина. Па минимум 10 луѓе слушнав како си играат мајтап со името и родителите што му го дале. Знам и примери за познаници од детството што си измислија прекари и никогаш не се претставуваа со целосно име зошто им беше срам. Еден дечко дури и го смени само што наполни 18 години. И да ова е насилство, треба да се искорени, ама за жал е и реалност за просториве.
Епа возрасни луѓе се исмевале за името Блажо и нивни деца ќе го слушнат тоа и истото ќе го прават. Ете и членки погоре на некој начин се исмеваат за Столе. Мизерија.
Епа види реалноста е таа така да добро е да ја прифатиме како таква и да не им даваме повод со имиња од пред сто години на тие таквите утре детето да ни го исмеваат и да му прават да се чувствува лошо ради името што го носи оти еве ние сме се правеле паметни и нешто сме мудрувале дека децата мораат да бидат добро воспитани и никого да не исмеваат поради името што го носи . Блажо сериозно ти е прифатливо за детенце родено 2022г ? При варијанти на името еве Благоја,Благој убави и безвременски ..Да мојот дедо имаше другар се сеќавам Блажо но тоа беше човек роден триесетите год од минатиот век .. јас сепак не гледам причина зошто да го ставам сопственото дете во уста на тие на кои што утре би било мета на потсмев - затоа што таквите ги има и ќе ги има . Исто како што девојчево што го чекам не би го крстила Лимонка,Стаменка,Параскева (со должна почит и извинување до некоја членка овде што се вика вака или има блиска со некое од имињава).
Ако ти кажам дека пола саат гледам у имињава и дека ни јас не можам да се одлучам Марио и Матео не ми праат мерак, Давид или Дамјан. За Иво неможам да одлучам дали ми се свиѓа Ти помогнав знам. Нема на што
Прифатливо ми е. Наше име е. Подобро Блажо отколку Лиам за наши простори Јас за ниедно име не сум се исмевала. Познавам деца од две години Мите, Милан, Петра... И од кај знаете де? Може го крстиле според покоен татко. Многу ми е безвеза да се коментираат вакви работи што за некои може да се чувствителни.
Во моја генерација па беа "смешни" и "старски" имињата шо сега се модерни. Немало или ретки биле во тие генерации Алексеј, Иларион, Елисеј, Јаков... Се враќаат некои трендови, доволно е тројца да почнат. Убо рече некој, човекот го прави името, не обратно. Од сите работи за кои имало булинг на училиште, за име не сум слушнала. Јас секогаш сум поборник за старите имиња пред интернационалните, вкус и вкус. На секоја 10та страна е истата дебата.
Крсти го детето со некое име кое е безвременско, па види дали ке го исмејуваат. Пример Марија. Или Давид. Од наши простори, христијански, ама пак модерни. Жити се на тинејџер забрани му да каже да каже кој Столе овој доле, или Трајче да ти ебам мајче. Со сила се правите наудрени бе. Ахам да. И тебе твоите родители за се што знаеш те научиле, сама свој став не си имала.
Ведран. Да беше во игра Михаил, а не скратенициве, тогаш Михаил. Давид ми е многу убаво име. И Дамјан ми е убаво ама скоро сите деца што ги знам ги викаат по дифолт Даме .