Милан и Петра се сосема друга димензија реално .. за Мите за мало детенце сто пати подобро да го крстеле Димитар . И јас имам свекор Мите и не дека човекот изразил некаква желба ама да носев момче ќе го крстев Димитар таман и нему ќе му беше ќеиф и името ми е едно од најубавите машки имиња - стари но безвременски . А Блажо и мене ми е стварно шубе за мало бебе и да е за покоен родител кога веќе ИМА убави варијанти на името како што веќе реков Благоја или Благој . Ако некој мисли дека треба да стави такво име и утре кога детенцето ќе се жали дека го зезаат да му објаснува дека треба да е гордо што го носи името на покојниот дедо од пред теиесет години слободно нека си крсти како сака јас не би ризикувала . Јас сум родена 92ра и кумот - патем човек кој прифатил старо кумство да продолжи ме крстил и го немам видено од тогаш сакал мене да ме крсти Стаменка и мајка ми (фала и ) се побунила на тој предлог и избрала не модерно туку нормално име за тие години . Имав во класот уште четири други сокласнички со моето име значи не измислила топла вода ама стопати пидобро така од што да ме крстела Стаменка .
Еј ај паметувај на друга тема. Боже сачувај. Јас сум слушнала од постар човек Елена тиква зелена. И сега? Тоа убаво е? Не, воопшто не е, простотилок е. И твоето размислување исто.
Сум слушнала. Дури и поужасни работи. За жал. Тоа што одредени родители добро си ги воспитуваат децата, нема да спречи булинг. Јас не би осудила свое дете со име кое звучи смешно, а вие како милувате. Или на вашите деца им одбирате убави имиња а бодрите други дека Столе е име на векот и ке се врати модата со старински имиња од типот Трајче Стојанка и Благујна?
Свекрва ми се вика Живка - крстена така по старски за да живее зошто мајка и имала шест деца пред неа сите мртво родени или умирале првите неколку дена и ајде таа биднала Живка . Од како ја знам за себе вели дека не си го сака воопшто името и за првата ќерка кога дознавме дека е девојче ја подденавме ако сака да подновиме име по неа она удар ќе добиеше кога слушна Коментарот и беше -да не сте се осмелиле !
Секоја генерација има свои имиња. Како е чувствително да ставиш престаро име пошто бил покоен родител, а не е чувствително да се погрижиш за психичкото здравје на детето што цел живот ќе го носи името. Да, не треба да има зафрканции, да, во право сте, да, децата треба да се воспитуваат, ама реалноста се гледа како е, а не како треба да биде, не е бајка ова, па се е совршено во животот. Знаеш дека може да излезе надвор и да го зезаат, а си можел да го избегнеш со милион други имиња. А за децата сте грешка, многу влијае воспитувањето, но многу влијае и влијанието од надвор и не бидете толку сигурни дека детето никогаш нема да подпадне под влијание на други деца, да не бидете изненадени дека ваше дете направило нешто што воопшто не личи на него. Зошто да е Благуна кога може да е Ана или Изабела. Зошто Столе кога може да е Стефан или Симон. А (да не се лажеме) во македонската традиција, не е ни обновувањето на име секогаш од сентиментални причини, туку е често обновување на име на свекор/свекрва зошто свекор/свекрва за возврат даваат на снаата ако се согласи.
Ме насмеа баш. Јас те подржувам во целост. Во 2023 год каде шо живееме у толку напредно време баш е безврска да му дадеш име на бебе Столе, Трајко, Рајко без разлика дали е името “семејно наследство” .. Мислам кој колку сака нека се лути, а и убаво пиша ти се прават наудрени малку повеќе од шо треба.
Девојки го очекуваме второто детенце девојче ама во дилема сум за име , имавме желба да е на Д ама да не е од најчестите, односно да е некое интересно необично. Ве молам ако имате некои да ми предложите.
Глупи ви се муабетиве искрено Ќе го зезале децата, па, ај да го заштитам Абре, невоспитани силеџии ќе најдат начин да го малтретираат, па ти сакај најубаво име дади му. Плус, твојот поим за убавина, некому ќе му се чини смешен и ќе најде прилика за малтретирање. Така што... крстете си ги децата како сакате. А за да избегнете булинг, воспитувајте си ги И внимавајте како се однесувате пред нив, пошо ако вие се потсмевате на нечие име (како што многумина тука направија, за жал) не очекувајте детето да ви биде поинакво И после, имињата не чинеле. Ова малтене му доаѓа како муабетите за силувањата: сама си го барала. Мислам.... ај опрајте се и пораснете.
Трајче смешно име? Булинг за имиња? Што не ќе прочитам. Страшно. Затоа децата ќе ви бидат вакви ко што сте вие ( со вакви размислувања). Јас кога слушнав од еден човек Елена тиква зелена, замисли и детето негово истото ми го кажа за други имиња.