Јас би одбрала за мое Даниела. Денес поретко го има меѓу новиве генерации а убаво е. Дарија, Дениција
Ок, крсти го како сакаш слободно, ако не те убеди тука некој на форум, ќе те убедат реакциите во околината. Поубаво некој на форум да ти каже пред да го крстиш одколку да им ги гледаш фаците на луѓето после. И во некои земји имало родители на кои поим за убавина им било да го крстат детето Роналдо или Барбика, па баш заради таа причина државите составиле листа на имиња кои е забрането да ги користиш за дете. На форум криви дрини можеме да исправаме до утре, ама факт е дека уште постои булинг и ќе постои и нема оправдување за родител што реди име нечуено 70 години, а особено нема оправдување кога е ставено името за пари подарени од свекор/свекрва. Ама ватевр, на детето ќе треба да му објаснуваш еден ден, не на форум...
Што е Виктор подобар од некој Жарко? Што е Дамјан подобар од некој Стојанче? Или Симеон подобар од Бошко? Ако е некое дете над некое друго само заради што има помодерно име, браво на паметот. Се гледа децава од кого добиле воспитување за ваков булинг.
Со керка ми во генерација имаат девојче што се вика Трпана, никој од децата не и се потсмева на името, нема булингување. Но,девојчето е доста повлечено. Така да мислам дека поголем проблем е ако на самото дете не му се допаѓа името може значително на влијае на самодовербата.
Јес, јес... Еве баш се загрижив за можните малтретирања врз детево Пак ќе ти кажам, оти очигледно нејќеш или не можеш да сфатиш, силеџиите ќе најдат најразлични причини за да малтретираат некого! Не мора да е тоа име. Може да е физички недостаток или карактеристика на пример... И, што да правам според тебе за да го заштитам детето? Да му правам пластична операција, за да не го малтретираат невоспитани ѓубриња?! Не, туку ќе ја научам да има самодоверба и таквите ѓубренца да не ги множи со нула Просто е, не можеме да влијаеме на туѓото однесување, па што сакаш ти направи. Битно, изговори секогаш ќе има, ама недај боже да се најде коренот на проблемот и да се работи на него
Да де ок, јас не велам дека не е така. Учи ја да има самодоверба, не е спорно тоа. Само не е спорен ни моментот дека има деца што цел живот имаат комплекс заради името и покрај учењето на родителите. Физички недостаток или карактеристика, не е нешто што можеш да избегнеш за разлика од име. А истите тие што редат престари имиња, скоро никогаш 99 посто не ги редат пошто им се свиѓа името туку името е на свекор/свекрва или мајка/татко. Јас немам ништо против редење име на бабата или дедото, ама ако е убаво име што би го ставил и општо на детето. А ако ти даваат пари како што даваат, или злато или што и да е, значи секој има цена, дури мајка на новородено.
Дека постои булинг поради име, постои. Нема потреба да се негира. Немам против ниедно име, но во 2023 година да крстиш дете Трпе, Трпана, ми нема смисла. Прво, самото дете ќе се срами од името.
Како прво и основно правиме муабет за ДЕЦА значи да кажеш “невоспитани ѓубриња” за деца е твоја некултура, така да пази ти шо ке го научиш твоето со вакво изразување! Така да ако се наоѓаш навредена твој проблем, а слободно можеш да ја учиш на самодоверба тоа е баш супер , само децата за жал не прифаќаат се од дома шо ги учиме.И тоа не се “силеџии” малку ми е ту мач за деца “силеџии” , “ѓубриња”… итн. Треба прво речникот да си го средиш. А секој може да му даде име на своето дете и Стојко ако сака , а дали тоа име на детето ке му се допаѓа понатаму у животот е баш небитно (иронично кажано)