Зошто како пример за традиционално име секогаш ги зимате најстарите или оние кои лошо би звучат? За мене убави имиња се Марија, Викторија, Елена, Никола, Петар..
Има стари имиња убави. Како пр.Петра. Мери,Николина,Ангелина,Зарина. Ама има и многу безвезни пр.Божана. Имав комшивка стара жена многу го мразеше името. Доби внук никако не сакаше ни машка верзија. Друг комшија Голуб Од увезениве од соседство многу безвезно име ми е Немања,не е наше и не оди некако,а и симболиката оној кој немал. И Павле ми е некако тажно жално име,не знам зошто.
Да прашаш 100 луѓе дали највеќе им се свиѓа Цена, Параскева или пример Дијана, сигурно 90 ќе одговорат Дијана. Едноставно некои имиња се позвучни и не можеме да се преправаме оти не ни е битно како се викаме. Да, треба да воспитуваме деца да не вршат булинг ама еве мене дефинитивно немаше да ми е сеедно Трајанка или Стојанка да се викам, дури и никој да не ми вршел булинг. Едноставно не ми се на звук убави имињава и тоа е тоа. И не мора па по секоја цена да се даде име по роднина или празник.
Воспитувај дете како сакаш ама булинг за имиња имало и ќе има засекогаш. Јас сум 92ра и кога идев во основно никој не ми правеше булинг зашто сум Теа ама на девојчето што се викаше Руменка, душата и ја извадија до тој степен што почна како Нена да се претставува и кога наполни 18 год официјално си го смени имато. Секој си бира име за дете ама да се праиме дека живееме во идила каде што дете кое се вика Руменка или Голуб или некое сл олдтајмер име нема да биде мајтапосувано во школо не иде. Деца се, сурови се и воспитувај го како сакаш, на крајот на денот мајтап ќе тера да е интересно пред врсниците.
Пред некој ден ми искочи некоја Американска статија за идеи за уникатни имиња за бебиња и гледам второ име Блаже. Си викам од кај го ископале баш тоа. Јас сакам стари имиња и не мислам дека се грди, има преубави, многу поубави од новиве што се пречести. Сега Трајче или Стојан е стварно смешно за бебе, или па Радојка, ама на пр. Исак некој што го имаше спомнато на претходната страна е баш убаво. Мислам дека е треба да има разноликост, само да не се оди во крајност.
[QUOTE="Munchmallow20, post: 6571394, member: 154463" И не мора па по секоја цена да се даде име по роднина или празник.[/QUOTE] Аууу да знаеш како има некои кои морално ставаат име на баба/ дедо или празник. Дури си кажува , па се роди на празник, само си дојде името, нема шанси друго да биде. И баш лабаво ја прашувам, а таткото ако се вика исто така како празикот и детето ќе има исто име како таткото? И следува минута молк и ама не не, не иде. Епа нели е морално и само дошло името , ама и не исто име со таткото. За име од баба и дедо не се дискутира, Стојанче ќе биде или Мирка. Јас немам против ничие име, не де потсмевам, зашто знам како расмислуваат луѓето и ден денешен во 21 век а тоа а традиција. И знам дека н секогаш се прашувала мајката дали ти се допаѓа или не ( имам блиска во фамилија што не бирала сама имиња, ана среќа убави се). Има имиња наследни или со мала модификација и иако се постари се убави. Петар ми е преубаво име , отпосле ми текнува дека дедо ми што ич не го сакав се викаше така , а и свекор има скоро исто име со мала смена на буква , ама ми е во глава како име , не го гледам како наследно иако отпосле така излага. Марија, Никола, Анастасија, Евгенија, Анѓела, Маријана, Јован, Александар, Петра, Драган на пример овие не се лоши, убави се. Деца и без разлика на имиња вршат булинг, наоѓа начин да психички малтретира. Деца од 1 одд се исмејуваат какви патики и јакни се носат. Како они се марка , а твоите од рандом продавница. Какви ранци имаат, обраќање со да ти умре татко ти на раце, да бидеш копиле, сите ќе ти умрат ти ќе си сам, а притоа детето што ги трпи ова е дете кое од дома максимално се трудат и успеваат да го воспитаат да биде надвор од кавги, навреди и тепачки. Не е до имињата, до воспитување и култура е.
се превртев на Павле описот да се објаснам само, не се смеам на името али како е опишано хахахххххаха
А да те крстат Господин? Знам двајца што се викаат така, од кој едниот е дете во основно школо. Господин Мишковски. До лани незнаев дека постои и вакво нешто и не не се зезам.
Да, да овој постариов го викаат Гоки на прекар и кога го кажуваат со име и презиме мислев го викаат на зезанција Господин Митревски (пример) и му викам на мм еднаш "а како се вика овој вистина?" и он ми вика па Господин де и ми кажа за ова детево дека и тоа се вика така.
Ко владика Да не се смееме, булинг ќе излезе, ама жално е вистина во денешницава вакво име бре, од кај ги копаат незнам
Мене ми се плаче од ова. Дај нека вработат некој во матично, нека прегледува таму дали нормални имиња им ставаат на децата. ГОСПОДИН БЕ. Не е ни за булинг ова, за плачење е. И никој од најблиските да не им каже ало не се глупирајте. Јас да сакам ќерка ми госпоѓица да ја крстам, мајка ми ќе ме обеси пред матично
Па да не набројувам имиња на блиските нивни, ама сите така 7/8 души се со чудни имиња, така да не верувам дека имало кој да им каже. Башка децава ги добија на постари години, значи фамилијата нивна е од постари членови, на кои пред 60 години им било нормално дете да се вика Ставре, Винограда, Венца итн.