Ако вие не се смеете и ги воспитате децата да не се смеат, тие нема да се смеат. Иако Господин има убаво значење, не ми се свиѓа бидејќи е претежно Бугарско. Ама, не се смеам.
Неможе да не се смееш на такво нешто, родителите не мислат на децата кога им даваат такви имиња, не е ни смешно баш е за плачење
Ok za milan i petra ama blazo i mite..Vreminjata se menjaat nema potreba decata sto ke gi imame da imaat stari iminja utre moze ke ziveat vo stranstvo pa luka petar marko david damjan vo red ama blazo spirko mite mitre ili stole ne znam nekako ne.
Поминуваат деца покрај ормарите во школо кај син ми каде се испишани и имињата и почнаа да се смеат на името Бела. Бела на италјански е убава, ама во словенските јазици е боја. Живеам на граница со Италија и еве децава сепак се смеаа. Замислете кога ставате старски имиња кои служат за подбив. Син ми доби име на дедо му, сентиментално е, маж е врзан за името оти татко му почина. Ќерка ми доби необично име. Брат и ја крсти. Јас сакав на мајка ми оти осеќав дека треба да ставам. Но ете син ми одлучи. Ставајте нормални имиња. Не мора Блажо, може Благој или Баже. Не мора Ванчо, може Јован.
И после се чудиме зошто децата се потсмевале? Ете, имаме тука примери од родители кои се утепаа од смеење на некои имиња Што мислите, децата нивни како ќе се однесуваат?
Ана не е смеење, на форум коментираме за имиња. Јас лично не се смеам на ниедно име, ама дека навистина не мора да се става се и сешто, не мора. Јас за ќерка ми добивав секакви коментари на пример, за син не. Јасно ми е дека и народот претерува, ама да, Ѕвонко не мораш да го крстеш.
Не мислев на тебе.... Инаку, зошто да не го крстат Sвонко ако така сакаат? Дека тебе не ти е убаво? Пих ...
А зошто е подобро да се крсти Вилијам, а не Трајче? Зашто може да се пресели во странство? Онака прашувам.
Не, оти големи се шансите да се подбиват со неговото име, смешно е, и веројатно и детето нема да го сака. Да бидеме реални. Трајче е далеку од смешно, може е само постаро. Вилијам е исто како Ѕвонко.
Искрено, кој какво име сака нека става, али треба да биде реален на околината каде живее. Еве конкретно за странство, раѓаат деца тука со цел тука да живеат и не мислат воопшто на значењето на името на детето во поглед на инреграцијата, што за жал многу влијае. И кај нас во Македонија влијае, не па странство. Многу деца, и млади ги кратат своите имиња, и немаат допирна точка со името што родителите им го дале. Најчесто ова е поради премногу долги имиња, или пак користење на некои тешки букви, и детето за жал цел живот ќе исправува како се вика, и на крај ќе се помири со некоја склопеница што едвај звучи на името, или некоја кратенка што благе везе нема. Исто така, иам приметено ги именуваат децата со имиња што веќе и во Македонија се да кажеме старомодни, или па предмет на подсмев, за жал. Пример од последниве месеци само новороденчиња од мојот град именувани Николче, Божидар, Страшо... За жал, баш и поради овие причини, Азиските доселеници имаат и таканаречени германски имиња, кои ги користат како пример Ана, Соња, Хана, Бен, Макс, а муслиманите ги кратат имињата, и најчесто е Мо, од Мухамед. Поентата ми е треба млце и на детето да се мисли, а не од себични побуди да се става име коа само ќе му го отежне животот, и тоа во најбитните години коа му се развива карактерот, и може да му влијае на идентитетот и самодоверба. Има и кратки, коцизни преубави Македонски и словенски имиња, ако веќе сакате традиционални имиња.
Од моја генерација не сум чула некој да се смее на Бела. Знаевме што значи поради шпанските и италијанските серии. Имав соученици во основно и средно со имиња со потекло од овие држави. Никој не им се смееше. Во средно една професорка нè тераше да истражуваме потекло на имиња. После тоа и оние кои се смееја на некои имиња престанаа да се смеат. Не сум чула ни од помладите генерации да се смеат на Бела. До родителите е. Ако возрасен не се смее, нема ни дете да се смее. Ако е детето добро воспитано и ако гледа и друго покрај Јутуб ќе чуе разни имиња. Па и кога гледа Јутуб, родителите да го тераат да гледа едукативна содржина(на пример за имиња на историски личности, потекло на имиња) наместо entitled Американски мрсулко кој не знае да покаже каде е САД на мапата, но знае да тресе глупости. Ќе сфати дека имињата не се за смеење.
Дадов пример дека деца и на толку убаво име знаат да најдат забелешка, а не пак на Ѕвонко. Тоа ми беше поентата на коментарот.
Значи тој што решил да се смее ќе се смее...ете штом и на модерни имиња се смеат значи тие деца што се научени од дома само да се потсмеваат ќе се потсмеваат и на име и на карактер и на изглед и на се ... Така да секој си одлучува за име како сака. Инаку во мојот крај има секакви имиња и никој до сега немам слушнато да се потсмева на имиња. Значи се е до опкружувањето, свеста на луѓето во околината и домашното воспитување.
Ама вака најлесно е, се собрале неколку деца и да сите имаат исти родители. Кога ќе се фатите за нешто, јас стварно не знам каде живеете. А најинтересно е што ниедна од вас нема да крсти дете Ѕвонко или Трпана.
Децата гледаат и едни од други , камо среќа децата се од родителите да учат и прифаќаат.. Се праите на 3ипол