Јас сум единствена изгледа што сака долги имиња. Овие новиве модерни имиња стварно ми се безлични. Миа, Леа, Лиа, Кија, Лија, Лена, Лана, Мана, Дана, Ана.. она само си менуваш буква и бам, име. Не дека не се убави, ама мене лично не ми се. Еве од погоре, Милан пример ми е убаво име, пре би крстила така дете отколку Лијам. Негде некој спомна Даниела, као освежување го видов имево меѓу море од три-четирибуквени имиња. Наташа, Магдалена, Клементина, Деспина, Мартина, Емилија.. Сто пати поубави ми се од првиве.
Само што дадов 7 предлози за име за девојче . Емилија Дарија Гордана Милена Марина Ангела Христина Родителите немаа посебна желба околу името - само да е со православно потекло , да не е модернизирано ( пример , не им се допаѓаат Леа , Миа , Лина и слични имиња ) . Јас сакав да биде Емили , не Емилија , демек по интернационално име ама кога кумата рече не сакаме да се модернизирани многу , тогаш остана Емилија , што мислам дека за ова лудо време е ретко именце . А и не е лошо име . Што знам , јас конкретно кога бирав име за кумичките , секогаш отварав православен календар или на нет си пишувам имиња со православно потекло , и се зачудив колку убави имиња има .
Мене името Моника ми е некако периодов во глава. Незнам, одамна го немам чуено за бебе, а порано пред 10тина,ако не и 15 години беше позастапено. Ама сега за сега Меланија ми е фаворит и да ти било православно име. Не знаев за ова до скоро, што уште повеќе го засакав за име, ако во иднина имам ќерка.
Да , и јас видов Меланија дека е православно име . Ни јас не знаев дека е православно име . Исто и Леонтина мислам беше .. Има доста убави имиња , кои порано сме ги слушале на секој ќош , а сега дури и сме ги подзаборавиле . Елена е исто едно од поубавите имиња , Константина , Бојана - Борјана .. Да прочепкав повеќе , кој знае уште какво се именце ќе најдев . Ептен немав многу време да пребарувам . За машки исто има многу убави имиња . На пример црковното име на син ми беше Кирил . Јас во животов не сум запознала дете/дечко со ова име . Константин , Михаил , Васил .. Овие новите се интернационални да , убави се да , но во комбинација со нашите презимиња , името делува безвезно . Но изборот е на родителите сепак . Они ќе го отхрануваат тоа дете , а со тоа и на нив паѓа товарот за избор на име на бебето . Не осудувам ничии одлуки , ова е само мое мислење . Се надевам дека на некој ќе помогнам кога ќе нема идеи за име , па можеби ќе направи и уникатна варијација за своето чедо .
Ќерками се вика Меланиа само без Ј. исто и Моника ми е преубаво. Сега носам машко Дамјан ни е фаворит
И Наталија. Одамна го немам чуено, а е современо име. За машко вистина немам идеи, некако за женски многу повеќе избор има.
Ај да не се правиме на Тошо дека децата не слушаат и учат од возрасните. Во група кај син ми има девојче Стојне кога го прашував како му се викаат другарчињата он си кажа Стојне, без да рече леле какво име и ставиле. Зошто за него е име како и секое друго. Ако јас пред него искоментирав " Леле какво старско име како баба... он другиот ден може да и го каже тоа на другарката, зошто ќе мисли дека така треба. Ќе слушнат и другите деца и ете ти булинг на Стојне... Ни јас не сум за ептен такви имиња кога си имаме класични убави имиња, ама ако некој му дал на детето име Стојне, Трпе нема да коментирам пред своето дете дека името им е старско.
Димитар, Лазар и евентуално Даниел, место Данило. Имиња ко Даниел и Лазар во последно ми се замрени, а мене баш ми се убави.
Веќе прашував ама ај уште еднаш . Првата ќеркичка ми се вика Инес и сега чекаме уште една девојка кај и да е а за име уште не сме се одлучиле. На последната дебата изборот се сведе на - Ања,Сара,Нела,Дора . Ај мислење за именцава или ако имате друг предлог . И Ирис беше опција ама дека дадата е Инес па да не бидат како близначки
И ние сме хаос со име за вторава ќерќичка, со првата еднаш го спомна сопругот тоа име и си остана така до крај ни се мислевме ни дискутиравме. Сега листата: Изабела, Исидора, Калина, Мила, Лана, Каја, Наталија....До крај којзнае уште колку ќе се зголеми листава како сме тргнале. Во најтесен избор се Изабела, Наталија и Калина. Што мислите вие?
Сите имиња на листата ви се убави Некако Наталија ми се двои, ме асоцира на елеганција. И јас одамна немам сретнато бебе/дете со тоа име