За женски имиња овие ми се во потесен круг: Клара (уште како мала кога ја читав "Хајди" имаше едно девојче Клара и од тогаш си реков ако имам ќерка така сакам да се вика, многу ми е убаво името), Сара, Хана. За машки искрено немам омилени.. се молам да е женско ама еве ако веќе е машко ќе се мислиме помеѓу овие: Матеј, Олег, Илиан. Исто и Давид ми е убаво ама брат ми се вика така Првото ми е Лука
Даа знам видов дека се вика Клара преубаво е сигурно како неа да и прилега името јас сакам кратки имиња Ти само што се породи со второ одма мислиш на трето хахаха стрпи се малку
Здраво со мм се расправаме за името ТАДЕЈ мене ми се допаѓа бидејќи првото ни е АНДРЕЈ и ми се блиску некако, него не му се свиѓало чудно му било дека е едно од најпретките имиња ваше мислење дали е чудно имево? некако ми дтави во мисла јас не би го менувала сеуште сум за тоа име за друго не размислувам
Јас имав желба за второто за ова име, ама исто како маж ти и мене мм не ми го прифати. Не дека ова сега што го носи не е убаво, ама ете тоа ми беше некако фаворит. За жал морав компромис, зошто и за првото јас на крај во последен момент сменив Баш е убаво
Ако не му се свиѓа и му е чудно, не го ставај,има право да не му се допаѓа. Името не може да го избере само еден родител,заедничко е детето. Сосема е ирелевантно дали на нас ни се допаѓа.
он нема име како и за првото што немаше ни едно машко име не му се свиѓа треба детето да го остаам без име !? Ја сакам православни имиња не амерички ,
Воопшто не е чудно, се почесто сега го редат, мене ми се свиѓа за машко ама на мм исто не му се свиѓа и одпаѓа. Ако сакаш да е исто со Ј на крај еве неколку предлози, можда ќе се договорите околу некое. Алексеј, Матеј, Анастасиј, Атанасиј, Иринеј, Сергеј.. инаку мене со Андреј ми одговара Јаков или Симон, Филип.. крај краева треба двајцата да се договорите и да сте согласни.