Што мислите за "зафатени имиња"? Пример, имате име кое многу ви се допаѓа, сте сакале така да си крстите дете, но веќе во блиска фамилија некој го става тоа име? Имам братучед постар од мене, синот му се вика онака како што јас уште од мала сакав да си го крстам синот, ако го родам. Автоматски ми падна во вода името. Го менувате ли изборот? Или нека не е само од брат, сестра па за останата фамилија, секое дете на свој начин името ќе го носи...
Познавам кум и кумашин што исто си ги крстија децата, така да… Мене ми е ок, само да не е ептен во блиска фамилија што викаш.
Ние кога биравме гледавме да нема исто име и меѓу братучедите. Е сега нема правило, дали би се лутел некој или не, не знам. Во друштвото на сопругот, две сестри имаат деца со исто име. Тоа веќе не ми се допаѓа, а за братучеди, пак е подалечно.
Ако ти кажам колку луѓе имам во фамилија со истото име и верзии од него, ќе се фатиш за глава. Ако ти се свиѓа, стави го. Или друга верзија од името ако има.
јас како што сакав за првото да биде Михаил маж ми не ми даде бидејќи на другар му детето се викало Михаил јас нит ги знам нит се дружиме. Според мене крсти си го како што сакаш ти не гледај за други
Што има врска тоа, како сакате така нека се вика. Ние когабиравме име гледавме да не е секојдневно и да не му се крати, но доколку си имате посебна желба за одредено име слободно крстете си го така.
Јас гледав никој у фамилија да нема со такво име. Мада кај мене беше прилично лесно оти ќерка ми е второ женско во фамилија, а прво од поблиските. Немаше многу конкуренција, повеќе мажиња имаме
Би ставила име ако ми е омилено, без разлика дали и друг у фамилија има. Е сега ако други се лутат нивни проблем, ништо злобно не правиш.
Прва братучетка моја на малата им дадоа име како на сестра ми, нормално е тоа секој за себе, јас уште пред да останам бремена едни пријатели малата ја крстија Софија им кажав уште тогаш да не се лутат дека ако првото е женско ќе ја викаме Софија и првото ми е машко а кога останав со второ и денот кога направив тест беше празникот Вера,Нада,Љуба и мајка Софија. И Софија ја викаме малата
Мојата втора принцеза има слично име како на мајка ми и сестра ми, кратенка од нивните имиња и нема врска секој го носи името за себе, штом ви е убаво зошто да не