Само нешто ќе прокоментирам чисто онака колку да си дадам мое мислење. Искрено според мене за да детето го носи, условно речено, името на дедото или бабата сметам дека дедото или бабата треба тоа да го заслужат. Кога останав бремена мене и на мм не ни ни падна на памет детето да го носи името на некој од нашите родители. Значи тука не влегуваше во опција ниедно име, ниту на моите, ниту на неговите родители од едноставна причина што не ја сакаме таа традицијата, иако мојот сопруг го има истото име како и неговиот сега покоен дедо (татко на свекор ми). Кога го дознавме полот на бебето, свеки даде предлог модифицирана малку посовремена верзија од нејзиното име и јас и`дадов еден ваков поглед и веднаш реков дека не сакаме нашето дете да има ниту наследено име, ниту наследена буква, значи ништо допирно со нивни имиња затоа што сакаме да биде единствено во нашата потесна фамилија. ...(сосема чиста случајност е што ќерка ми и мајка ми ја имаат иста првата буква од името, а мајка ми беше единствена која не даде ниту еден единствен предлог за име, туку секогаш викаше-како Вие си сакате.) До душа и свекор ми беше незаинтересиран во тој поглед, ама тој таков си е, не се замара многу-многу. Кога го дознавме полот и на второво бебе, мм на шала ми рече дека ќе се вика како татко му и јас отсечно и категорично реков нема теоретски шанси (не само затоа што името му е баш онака типично старинско, туку затоа што свекор ми не заслужил и се` уште не заслужува неговиот внук да го има неговото име, за жал, и тоа се поради неговата женичка). Мм слатко ми се изнасмеа во фаца и си одбравме име кое повторно е различно од имињата на бабите и дедовците, овојпат дури и првата буква не е заедничка со ничио име.
^Кога било за мене за име, мајка ми сакала да биде долго и ретко име...а свекрва и(баба ми) рекла лелеее само ве молам немојте по мене целосно име зошто и јас самата не си го сакам...ама може прва буква или по дедо и,некако ќе се стокми. И мајка ми баш таква фаца направила зошто немала намера ни по нејзините ни по родителите на татко ми.....со татко ми правеле списоци и списоци,но откако и се искомплицирала бременоста веќе не мислела на тоа туку само сакала се да биде во ред....и се поминало во ред, сабајлето кога ме донеле кај мајка ми прв пат,во моментот и текнало името,татко ми штом дошол го прашала може ли така,тато рекол може....и се било во ред. Но кога чула баба ми по тато, рекла: еее ете по баба и,ја има првата буква! И мајка ми таква останала о.О вели ни на крај памет не ми дошло дека е за првата буква,живи глупости...ама иди и ден денес објасни и на баба ми дека не е тоа заради првата буква на другата баба
Би ја крстила ќерка ми Калина ама не сакам да ме мрази цел живот. Никому не му се допаѓа имево. А за син не знам...Даниел,Марко...
Јас син ми би си го крстила по мене(машка варијанта од моево име)а ќерка ми по татко и(женска варијанта од неговото име)
^ммм тоа е убава идеа....ама и јас и дечко ми имаме такви имиња што тешко би се извело спротивна варијанта.....можеби нешто слично,нормално прва иста буква.
Еееее конечно! Ти си прва Снол Ај кој ќе дојде време и за тоа ќе размислуваме, па да се надеваме дека ќе биде избрано најдоброто! Ама сепак не сакам да го смени ,туку да го сака и да биде задоволна.
Јас на зафрканција сум размислувала вака, пошо јас и дечко ми веќе имаме слични имиња. Стварно би било ептен смешно фамилијата да ми биде Иво, Ивана, Ивона и Иван
Јана и Ана, Ивана и Ивона, Калина и Илина, Ива и Ева, Ања и Вања, Ирина и Ирена, Тијана и Дијана. Многу слатко ми изгледаат слични имиња за близначки, но можеби ти сакаш различни имиња.
^зависи какви имиња сакаш долги/кратки, наши или некој нови помодерни? еве неколку предлози Јована - Јана Ева - Ема Тина - Нина Нина - Мина Дора - Нора Сара - Клара Лина - Леа Од подолги: Марјана - Мирјана Тијана - Дијана Елеонора - Евгенија Бисера - Бојана Росана - Рената Дарија - Меланија Калина - Каролина Доротеа - Дајана ....тие ми текнуваат моментално,се надевам некое ќе ти се допадне
imina za bliznaci Како сакаш крсти ги само немој (според мене) првата буква да им е иста. Еве на пр. нека бидат Петра и Михаела, Косара и Гала, Ива и Ана, Офелија и Исидора, Андреа и Нина, Алексија и Луција......
Па и немора да се слични иињара само да не се ептен долги. Ако јас имам близначиња би ги крстила Катја и Каја или Лара и Лина тие ми се омилени женски имиња
imina za bliznaci Сара и Сандра Нина и Лина Јана и Нина Ева и Теа Ивана и Ивона Ирина и Илина Јована и Бојана Александра и Андријана Симона и Моника Луција и Евгенија Елена и Ирена