prvoto mi e Andrej sakav nekoe na koe sto ke nemoze da go vikaat nagalenko da mu go kratat ednostavno
Алек, Милан, Максим, Давор. Кај нас се може да се скрати, или ако не може, онда неизбежно е она "че" на крајот. Дајте му име на бебуш кое ви се допаѓа, без разлика дал комшивчето се вика така. И онака оние десет, петнаесет имиња се вртат цело време.
Елисеј, Виктор, Филип, Симон, Јосиф, Јан, Нико, , Теон, Тиан, Киан, Миха, од тие моментално популарните.
Ако ми е женско ова сакам да се вика Мина Меглена. Ако се согласи машка страна зашто сме двајцата малце терсене за име. А од многу одамна сакам за женско така, само две машки родив, ако е и ова машко Тома ќе е првото име, второ најверојатно Тадеј.
Мене ми е многу убаво името, мене ми беше во топ пет имиња кога требаше да се бира за мојата ќерка ама сопругот не сакаше Вера да се вика, иначе ептен убаво име, јас сум ептен фан на стари имиња и за женско и за машко.
Лејдиии трето? Браво! Во исто време бевме бремени ако ти текнува, ти за второ јас за прво. И то го памтам имево, и тогаш го планираше ако е девојче
Како би те заборавила. Да маци, цело време викаа машко, на последен преглед во 25/6та недела рекоа девојче. Сега знам само дека е бебе. У понеделник сум на контрола да видам што ќе кажат. Држи среќа да е бар ова цуцка.
Убаво име. На мм желба за женско беше Милица, јас Петра, Бисера, Бистра, Искра. За машко за првото на листа ми беа Дамјан, Војдан, Илин, Јане. За второто Тадеј, Јосиф, Михаил, Евгениј. Инаку меѓу поомилените ми се Горазд, Горијан, Огнен ама имавме блиски со овие имиња и некако не ми идеше. Сега кај синко во одделение има едно детенце Оливер и ме потсети колку убаво име. Одамна го немав слушнато и ме потсети на оние имиња од мое време што се подзаборавени: Дејан, Христијан, Даниел, Новица, Ивица, Милан, Оливера, Драгана, Бојана па дури и Ирена, Ивана.
Ајде дај боже да ме фати "мајата" од тебе. Се изнаплакав на стол претходниот пат од пуста желба за женско. Како сака Господ така, што и да е мое е, ама не би било лошо да се израдувам на цуца и јас. Баш ќе ти пишам чим дознаам.